Скандалозно:Семејства во Кавадарци живеат ден-за-ден, а надлежните слепи и глуви

 Едно од тие семејства е и семејството Велкови на кое пред 2 месеци им се родило трето дете. Во сторија за телевизија Телма велат дека откако е родено немаат добиено еден единствен денар кој им следува по закон. Не добиваат социјална помош, немаат никакви приходи и поради немање на пари не можат да ги извадат неопходните документи.

-Немаме вода, полнам од комшиката колку да направам јадење или да измиеме садови, немаме ниту струја. На свеќа седиме. Имавме газиена ламба амa многу им мирисаше на децата и од страв да не се задушат ја исфрливме надвор. Градежната инспекција сакаше да ни ја урнат куќаркава зашто е дивоградба – вели Велкова за „Телма“.

Градоначалникот и таквите како него секако дека имаат и своја верзија на оваа сурова реалност. Тој тврди дека ова семејство одбило да живее во понуден објект на општината, а Велков, наводно, работата ја загубил поради неодговорност. Исто така и од Центарот за социјални работи се категорични дека направиле се што е во нивна можност и дека семејството веќе го остварило правото на социјална помош.

Наместо апсурдни изјави од ваков тип на институциите, подобро е истите да подстанат малку од кожените фотељи и да излезат малку на терен. Најлесно е да се говори за маката на другиот кога никогаш не сте биле во негова кожа.
Фото: Телма 

Leave a Reply

Your email address will not be published.