Телма: Семејство со 5 деца и само 2.000 денари социјална помош

Секоја насмевка на овие пет мали души ме прави среќен но ме убива помислата дека сум немоќен да обезбедам храна за нив.- раскажува Игор Стојковски од Куманово. Кога останал самохран родител ја сретнал Марина со две дечиња во раце, отфрлена од семејството на улица и ја прибрал дома, да има засолниште. Четирите момчиња набргу добија и сестричка а со 2000 денари социјална помош едвај преживуваме – вели Игор. Работа за него нема.

-Седуммина сме а земаме 2000 денари од социјално. Груевски вели, дајте луѓе имајте деца ние ќе ви помогнеме а сега ништо. Божем за трето дете ќе даваат, ништо. Ми рекоа дека жената има пет деца и не и следува помош за трето дете, сиромашки. Поднесов барање во Шумско, ме одбија, поднесов во Гранит, ме одбија. Секаде треба да имаш луѓе и врски за да влезеш на работа. – вели Игор.

-Некогаш нема да ги купам лекарствата, еве и денеска, ми ги препишаа но неможам да ги купам. Без тие лекарства ми е страв, еве со детето во раце а тој понекогаш излегува во град кога го викаат приватно да работи, мора да оди а јас мора децата да ги чувам и без тие лекови не можам да седам.- вели Марина.

По некоја заработена дневница од тешката физичка работа во градежништвото не може да ги покрие потребите ниту за храна. Игор ги покажува лузните од операцијата и вели дека се уште има здравствени проблеми откако едвај преживеал преплет на црева но, ете, не смее да одбие работа за да не му гладува семејството. На власта и порачува, да се освести, бидејќи нема правдина во државата.

-Нека се освестат дека во оваа држава нема правдина. Мора да ги гледам децата а од каде јадење, тревата уште не е порасната па да ја пасеме. Не знам што да кажам, да не се комшиите и пријателите ќе изумреме за јадење. Било каква помош од хумани луѓе ќе ја примиме со огромна благодарност- вели Игор и додава- освен јазикот, можеби ќе проработи и совеста на луѓето што ни ја водат државта.   

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.