Селски трилер

Оваа сцена веќе го прострела целиот руски интернет и нема што многу да се додади. Сите зборови, и оние помалку пристојните и оние што течат слободно и директно од срце, се веќе кажани. Документарниот филм Туѓа земја, новото ремек дело на големиот режисер, е навистина представа достојна за телевизиските продукции. Посебно оваа епизода која укажува на создавачката вештина и бујната фантазија на Никита Михалков. Тешко е да се прераскаже, па затоа, ако се уште не сте ја погледале, избришете ги од вашиот живот тие две минути и шест секунди и погледнете ја. Нема да зажалите.

Ќе го видете лично Никита Сергејевиќ како стои на делумно пусто поле, покрај напуштено село и сосема исправна јавна говорница. Ќе го слушнете како наизменично и упорно ја повикува дежурната служба на Министерството за вонредни ситуации (МВС), полицијата и брзата помош и како во слушалката зборува некакви тешко разбирливи зборови во кои само непијателот нема да препознае длабока граѓанска болка. А сите мислат дека ги повикува некаков безгрижен хулиган кој му го одзема времето на зафатените луѓе, како и на жртвите на природните катастрофи, ограбувањата и болестите. И никој од оние кој се нашле на другиот крај на телефонската линија не сакаат да дојдат и да го спасат селото. Да побрза и да го насели, што да прави?
И стои на сред скоро пустото поле, стои сосема сам , ако не ја земаме во предвид филмската екипа и повеќемилионските телевизиски гледачи. Стои осамен и тагува. Тоа ви е таканаречена “јавна осаменост”. Тој тагува, интернетот клика, бара и наоѓа би се рекло, соодветни зборови, нема што повеќе на тоа да се додаде. Но сепак, не е во ред да го оставиме така човекот сам. Сепак би требало да пробаме да разбереме што се случува со него. Што му се случило?

Ова не е прва година, па ни деценија, како нашето село умира. Уште во 60-тите години од минатиот век, за тоа напите писатели веќе пишуваа иако трае до ден денешен, може да се претпостави дека е тоа објективен и непоправлив процес. Според својата состојба, постои некое очајување во селскиот живот и некоја привлечност на градот, нешто што решителните луѓе ги тера да од периферијата се преместуваат во центарот. Аутохтноите руси кои живеат во селата кои полека умираат се делимично и тие истите Таџикистанци кои националистот Бондарик ќе ги обвини дека безглаво брзаат во Москва или Самара.

Затоа ситиот и богат режисер, целиот обземан од болка и грижа за осрамотената мала татковина, изгледа пред се неискрено. Со целата своја креативност, со таа јавна говорница сред пустото поле и “сноуденот” во слушалката, тој им дозволува на гледачите да ги слушаат збунетите гласови на луѓето вработени во спасувачките служби. Додека повикува брза помош и тврде дека не е пијан ниту болен, тој изгледа целосно неискрено и глупо.

Но тажната слика на деградација на еден од нашите најдобри, најталентирани режисери не е се што може да видиме во оовј филм. Тој има и извесен едукативен карактер. Еве каква е таа, нашата духовна спона доведена до идеалниот степен на својот развој – ни зборува Михалков слушајќи ги гласовите од телефонот. Еве што таа прави со луѓето кои во својата основа се цинични, арогантни и рамнодушни. Еве до што ги доведува. И тоа рамнодушно се манифестира.

Во зборовите на нашиот нималку глуп владетел кога одеднаш изговара будалаштина за страшилото Евреин. Во интензивните проповеди на протојерејот кој изјавува дека затворот не е летувалиште. Во барањата на некој идиот од Третјаковската галерија да се одстрани “Иван Грозни и неговиот син Иван” на Рјепинов, сликата со која Стејт Департментот го клевети нашиот цар и го сквернави неговиот свет лик. Во законите преку кои мечот на рускиот парламентаризам се насочува кон педофилското лоби. Или како сега, во таканаречениот докуентарниот филм на големиот режисер, човеке до неодамна сосема пресметлив и посветен, човекот кој го собира приходот од сите наши ДВД медиуми за складирање информации, кога гледаш – на пусто поле стои и борбено возило со ракетен систем Град. А тоа е затоа што земјата на која тој стои – туѓа.

Ако бидеме озбилни, време е со тоа да се прекине. И не поради триумфот на некои бесмислени либерални идеи, туку поради спасот на Русија. Бидејќи ќе бидат доволни уште само десетина слилни авторитативни настапи, неколку такви филмови на државната телевизија и уште неколку слични закони, па да се констатира колективно лудило на нашата владеачка елита. Вистина, песимистите ќе речат дека веќе е касно. Но ние оптимистите со надеж гледаме во иднината и некаде во далечината гледаме Просветлен Конзервативец окржен со добри луѓе од МВС а и брзата помош. И замислете, сите тие дошле и го спасиле големиот режисер. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.