Секси Град

Според Али Ахмети излегува дека ДУИ немаат партнер за евроатлантската иднина на државата.Треба да не се плашат.Ќе бидат тие и вака и така и онака.

Коце му покажа на шефот што е гаранција за успешен проект.Кој му е виновен на Груевски.Прво, па второ, па -женско !

Заев ќе ја враќал државата на народот.Сака да не докрајчи!

Ја тестираме единственоста на земјите членки на ЕУ и НАТО.Тие пак што сакаат да тестираат кај нас ?!

Во историјата на НАТО се нема забележано некоја нејзина членка да се распадне.Е ајде нека не земат, па да видат !

Рикер и Волерс зборуваа за моментум, а ние зборуваме моментално.

Бугарите се бунеле дека ги немало во Македонскиот устав. Кој им е виновен што не се стабилни. Или се дома или се надвор.

Благодарница за Србите е бугарскиот пасош на Македонецот.

Брисел е нашето Јајце. Да даде господ да не стигнеме до таму.

СДСМ на Извршен одбор решиле: Подобро Воин на коњ, отколку Заев на гранка.

Груевски бил подготвен за предвремени избори кога некој ќе побарал.Значи ќе има- во 2015 г.

Многу мажи ја посакуваат Цеца, а многу жени нејзините деца.

Шансите на Андреј Жерновски се најголеми ако го нема во анкетата за најдобар градоначалник на Скопје за 2013 г.

Македонија е убава држава.Сите ја сакаат.

Не обвинуваат дека сме биле арамии. Од сефот на Тито сме ја украле РМ.

Што ќе било кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ќе си одат?

Ништо. СДСМ пак ќе дојде на власт.

Со Тешкото сакаме да го играме европското оро.

Не сум знаел дека и отепаните без пушка биле ”целна група”.

Министерството за образование и наука подржува ”слизгалици”. На тие без пари дава попуст, а на оние со пари безплатно.

Заев е срамлив човек. Пратениците му седат во срамот за демократија.

Влатко Ѓорчев ќе одел до петто дете. До пратеничка група.

Не ми се јасни овие кои постојано го напаѓаат Премиерот. Па, човекот 7-8 пати призна дека е изгубен грешник.

Прашање за дедо Стефан:

Без попис, може ли да има господин, па макар бил и човек во РМ ?

Многу наши партијци направиле избор – да им отиде државата.

Бучко и Стевче се стварно позитивни. Вечер ”на светло” ќе ја пееле ”Не ни може никој ништо”

Латас го клевети Андов дека бил ”курва”. Види, види, стара курва!

Ѓорѓе покажа што значи да си прв човек во државата.

Да бидеш пратеник е голема работа. Околу 50 000 евра и охохо.

Кај Бранко се закажувало.Кој вика дека не работел.

Некој е на грант, друг на гранка.

Немаме гајле од 4-те волка и 2ооо ооо-те овци.

Тито бил бравар.Кај ќе ни беше крајот ако имаше факултет како Саше Политико.

Нашиот градонашалник од Кавадарци е скромен човек.А што има повеќе коса од Коце?!

Бугарите ќе поставувале споменик на Цар Самоил во Софија. Дупли трошкови !

Лани за меморијалниот фудбалски турнир ”Вуко Каров и тиквешки легенди” не го донесовме Вердер-Бремен и не го одржавме турнирот во Кавадарци.Оваа година планираме да не ја донесеме Борусија-Дортмунд.

Тешко на Скопје кога Коце се срами да му биде мајка.

И Груевски сит и пензионерите во Маврово на број.Можеби нешто ќе падне.

Подобро свекрва на скии, отколку на кауч и вели една на една.

Љубчо ќе се врател на чело на ВМРО-ДПМНЕ кога Антонио, Влатко и Филип заедно речат ку ку !

Бучковски бил толку проамерикански ориентиран што и Американците ги уплашил.

Ќе конкурираме за најсекси град.Имаме најубав татко и најубава мајка.

Се бара надпартиска и подлидерска личност што ќе ја сака Али Ахмети за- претседател на држава.

Ни ги фрлија Милчин, Фрчко и останатите. Извинете лустратори, ама ние не сме кучиња.

Едни бараат отворени, други затворени листи.Останатите до 1-ви во месецот.

Зборуваат кој што донел во Македонија, никој не кажува кој што однел од неа.

Опозициониот фронт ”Сојуз за иднината” почна да се окрупнува.Почнаа да бегаат партнерите од него.

Заев и Шеќеринска за Бадник отидоа кај Филе.Со паричка или ..

Дали во целост сме се придржувале за Божиќните пости? Да одговориме во метри или литри?

За Божиќните празници најмногу се зборува за македонското гравче.И се слуша.

Конечно сме први.По метар колбаси на глава жител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.