Секоја сметка еднаш доаѓа на наплата!

пишува Зоран Бањански (советник во ЛС Кавадарци)

Секоја сметка еднаш доаѓа на наплата. Кога тогаш,што побрзо тоа подобро. Ако од тоа извлечиш поука е добро.
Денеска видовме слики на фејсбук од детенце кое во градинка се здобива со изгребаници и сите сме револтирани и крајно разочарани па прашуваме: “Каде биле одговорните кога детето е изгребано?”
Пред да ми дадат некој глуп и ретардиран одговор ке им кажам дека доста ми е од глупави изговори, се изнаслушавме девет години. Да се потсетиме какви ли не личности изнапикаа по градинките и школите и по другите установи.
Некој ке рече: “Нели знаат дека учителите се најбитните личности во изградбата на младите.” Не ги интересира, битно е глас да се обезбеде и да се подржува неукоста оти со тие полесно се владее.
Птица во паркот да најдеме умрета, првите луѓе во градот треба да се повикаат на одговорност. Не чуварот на паркот, туку прво Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, оти таа личност е главниот кадровик во Кавадарци, па по неа сите останати: градоначалник, пратеник, директори… и.т.н. Редот е така, ама не е така.
За да имат гласови и целосна контрола, вработуваа прво родбински а потоа без никаков критериум по партиска книшка. Овие по родбинска линија се моќни, оти, нели се роднини де, а овие другите пак се утепани од партиски задачи и тие им викаат на овие големите кои сега треба да избркат некого од работа: “Јас тебе те наместив на функција, ти не смееш мене да ме допреш”. Затоа се случуваат вакви глупости.
Е, од овакви луѓе дојдовме на овоа дереџе, ем да фали персонал во градинките ем да работат за по 4000 денара и на крајот кога ќе ти дадат решение за вработување на неопрелелено во септември 2015 а важи за септември 2016 уште и да ги жалиме да ги плачиме треба, а не да ги судиме.
Ама овоа не е циркус туку јавна работа и е потребна професионална грижа и одговорност. А јавната осуда е потребна како никогаш до сега и нема заобиколување, заврши романтиката на вмро и власта. Треба одговори и сметки да се поднесат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.