Секоја сличност со Македонија е случајна

„Длабоко грло“ не е само култен порно филм, туку и главниот новинарски извор во скандалот „Вотергејт“. Дури во 2005 година се потврди дека „свиркачот“ познат како „длабоко грло“ бил вториот човек на ФБИ.
Што покажа скандалот „Вотергејт“?

Меѓу другото, дека американскиот претседател бил љубител на автоматско снимање на сите разговори во неговата канцеларија. Тоа „хоби“ скапо ќе го чини. Никсон бил принуден од страна на Врховниот суд да ги достави снимките од автоматскиот систем за аудио снимање на разговори во неговата канцеларија. Eдна од снимките покажала дека Никсон се согласил да се врши притисок врз истражните органи за запирање на истрагата за „Вотергејт“ заради „национална безбедност“.

Три дена по обелоденување на снимката, Никсон бил принуден од јавноста да даде оставка, заради изгубена политичка поддршка.
Еден месец по оставката, Никсон е амнестиран за сите можни криминали кои ги сторил или можел да ги стори за време на неговото владеење.
Секоја сличност со Македонија е случајна. Како што викаше на времето Роберто, This is not America!

(Превземено од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.