Секој може да биде автомеханичар со оваа апликација

Ако оваа интелигентна апликација за работење во реалноста која доаѓа од компанијата Inglobe Technologies некогаш се појави на пазарот, дури и оние возачи кои немаат појма како работи автомобилот, ќе добијат можност многу лесно да одржуваат истиот.

Изразот работење во реалност се однесува на комбинирање на информации од реалниот свет и дигитални информации и тоа во реално време на соодветна компјутерска целина.

На видео снимката подолу ќе забележите дека станува збор за апликација на Форд. Не само што апликацијата виртуелно го детектира секој дел од моторот, туку во приказот вклучува и анимирана демонстрација каде се покажуваат процесите во автомобилот.

Апликацијата нема да ви покаже како да го расклопите и потоа составите моторот, но ако сте застанале на улица бидејќи сте останале без разладувачка течност а не знаете каде се наоѓа тоа резервоарче, лесно ќе можете да делувате откако апликацијата ќе ви го открие недосатокот.

Погледнете како функционира ова чудо:

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.