(ФОТО) Секој дожд дополнителен проблем за жителите на улицата “Брушанска” во Кавадарци

Овие фотографии не се исечоци од некој хорор или авантуристички филм. Овие се направени денес, 21-ви век на улицата “Брушанска” во општина Кавадарци. На оваа улица се наоѓаат 8 куќи, во кои живеат 15 фамилии. Екипата на “Мојот Град” излезе на терен да ја фотографира оваа улица како и да ја долови реалната слика и маката на локалните жители. На некои од куќите има нанесено сериозна штета од влагата која се собира на самата улица.

Жителите кои живеат на оваа улица, се жалат дека на претходните избори им било ветено дека улицата ќе биде направена. Но, улицата само се раскопала уште повеќе и така е до ден денес. 

Улицата од самите фотографии можете да видите дека е во катастрофална состојба, целата покриена со неколку сантиметри кал, која собира големо количество на вода за време на врнежи и целата вода и влага нанесува штета по ѕидовите на околните куќи кои се стационирани на самата улица.

Жителите исто така се жалат и со револт ни раскажаа за својата мака.
„ Не ја бива вака работава. Зошто плаќаме данок на општината. Цело време се нешто имаме за плаќање, а видете во што живееме. Па за да излеземе од домовите, потребни ни се да облечеме гумени чизми. Како да живееме пред 60 години.Ова е срамота. Ние бараме од надлежните да ни се реше проблемот.“- вели Васко Камчев жител од околните куќи.

Граѓаните од оваа улица апелираат до надлежните од локална самоуправа Кавадарци што побрзо да излежат на терен и да интервенираат и санираат комплетно целата улица за и овој дел од градот да заличи на едно пристојно катче за живеење од 21-от век.

Leave a Reply

Your email address will not be published.