Секогаш на страната на културните „отпадници“

Сите „патриоти“, „правоверни христијани“ и „домаќини луѓе“, сите оние накази кои доаѓаат од лабараторијата на Музејот на патриjaхалната пештера на стравот и ужасот (!), држејќи се горделиво и исправено, беа да ги видат едни од најголемите луѓе на пишаниот збор! Седат така, прилично уфирцани во вечерни тоалети, задлабочени и со „умни“ погледи, небаре тие се некакви Мислители, мантрајќи дека го разбираат творештвото на овие луѓе, како и прашањата за Космосот и Стрaтосферата, не сфаќајќи го животот „како таков“, оти се што е живо е во некакво движење и во непрекината промена, сето – сосема природно – се’ спротивставува на состојбата на Апсолутна Непроменливост како и на нивната нирванистичка состојба…


A, една од работите на кои, овие кловнови се мрштат и спротивставуваат, се’ работите на Другиот и Различниот, нивното страно и настрано; всушност тие не се ништо, во реална смисла, од нив проговара традицијата – и тоа ексклузивно монотеистичка и моноконфесионалната! Имено, вистинското име припаѓа на ресентиманот на национал-роматизмот, архаичноста, односно сето она што не сме сите Ние, фундаментално-конфликтна и напорна традиција која се обидува да го нормализира сето постоечко, да го релативизира!


Што сакаш да кажеш, комшија?


Го видовте Саше Политико, така? Ги праша гостите (писатели!),  „дали се свесни дека со нивното присуство се легитимира Тоталитетот и Диктатурата на груевизмот“? Е, видовме, ги праша. Е, тоа значи дека Саше беше доволно дрзок (со неговиот „социјален екцес“ објасни многу работи) – го поремети тој Ред на Ствари, а потоа, како што бива, комшија, организаторите како провинциски некрофили, опседнати со Фетишизацијата на традицијата – брзо-побрзо го отстранија од салата, како некаков Ѓавол кој ги ремети нивните Нирванистички глави. Саше Политико го опишувам само како феномен, и човек, кој беше еклатантен пример за тоа „што значи кога пркосиш на традиција и хипокризија“ во една смрдлива сала, во една перверзна ноќ на вештерки.


“Традицијата“ за која груевистите зборуваат повеќе од осум години, по дефиниција е репресивна, и депресивна… Таа не е ништо друго освен скаменет сет од вредности произлезени од некое Митско-античко-златно време, кое „од колено на колено“ се пренесува од генерации до генерации, имајќи се’ помала смисла. Начелно, а и морално! – ваквата традиција треба да се испрати во три лепе-пичке-материне, и да гледа тамо да остане – а потоа да се пригласи за „нулта точка на историјата“ – затоа што веќе е недопсутливо да се гледаат сите оние шарлатани, самопрогласени „традиционалисти“ како Ферид Мухиќ и „нашата лектира“, Венко Андоновски.


За сето ова се думав додека бев на мали и маргинални дружби низ Кавадарци, мојот град. Има ќошиња овај град кои се преполни со сјајна музика и позитивни вибрации. Што значи тоа, кошија? Тоа значи дека овај град – на моја среќа! – ја собира малку-по-малку посмодерната, или што душманите би рекле – аха, вредностите на Трулиот Запад? Да, комшија, токму тие вредности (!) се она вистинското затоа што се работи за млади и еманципирани луѓе, и нема потреба да се држат до вашите Традиционални Вредности, заедно со вашиот Дрвен Јазик за кој вие со години не’ контаминирате! Тоа ваше дрвенило и традиционализам е усмерено против нашиот свет, само како би се вратиле и „вртеле на исто“: затоа што ја расипуваме духовната снага на народниот македонски морал? Извинете на францускиот – јас да му го напикам на таквиот морал!


Имено, би ја прашал публиката на Груевистите: дали се сеќаваат на чешкиот писателот Јосеф Шкворецки, веќе кога овој советскиот и турскиот го апсолвираа, најголемиот џезер меѓу писателите и обратно – кој пишуваше во едно далечно минато за неговата земја која беше хронично окупирана, земја во која против џезот и џезерите се дигаа хајки најпрво од нацистите, а веднаш потоа од Сталиновите камаради… Така и во Македонско-провинцискава состојба, груевизмот дига секогаш галама и џагор против сите оние кои не се сложуваат со нивното Филистарско збратимување.


Зошто оваа приказна е важна? Се’ работи за „продуктивниот линк“ со слободно избран, весел и жив дел од традицијата и наследството, и со самото тоа „брилијантно мешетрење без тло под нозете“ на оние кои одамна им се спротивставија на груевистичките културњаци. Затоа Орхан Памук и Виктор Ерофеев не се никаков „популистички чин“ или „мешање на баби и жаби“ – туку претставува „фасцинантен контраудар“ – литературата на Орхан Памук и Виктор Ерофеев, за овие културни груевистички трагичари е Практикување на Слободата за кои овие со задоволство би им ја одзеле, или во превод, слобода која сами ќе ја изберат според оној Гетеовски „избор по сродност“, така што би можеле со тивок прст да покажат кој се’ има удел во нивното формирање, мимо сето денешно гушење на слободата заедно со нивните идиотски „јуначки“ нарации. Фасцинирани од нивната слобода, слободата на нивниот збор,  и речитост,  ја компензираа претставата со тоа што дома ја задушуваат слободата и создаваат почва за нови политички апсења!


A какво е наследството на Виктор Ерофеев и Орхан Памук? Па, посмодерно, мултикултурно, слоевито. Два џентламена и господа успеаја да го посетат нашето село, не’ знаејќи во каква дупка влегуваат. Господа луѓе, достоинствени и остарени Советски и Турски Ману Чао, Ведети на пишаниот збор. Оти она што компонира, што создава светови и зборови, не е вмрежено во никаква традиција или крос-културална Автентична Традиција (нормално, секоја „автентичност“ е релативна и условена, од овај поим треба да се вардиме!). Сакам да кажам дека Груевски треба да го отвори сопствениот фрижидер, заедно со сета камарила која го следи и му аплаудира, нека ги погледа коските на Советите низ историјата и нека ги погледа лудилата на Ердоган, па нека размисли малку дали сака и тој, како и овие „луѓе од историјата“, да се повози уште еден круг, низ историјата, се’ разбира!

Leave a Reply

Your email address will not be published.