Сега пивото може и да го јадете
Пиварницата која произведува чоколадо, Наполеоне, е првата во светот која го претстави пивото кое се мачка на леб, наречено „Bira Splamabile“.
Со помош на знаењето од хемијата, тие го згуснале пивото во кремаст и мазен намаз со два вкусови – „Грета“ светло и „Омид“ темно со 40 проценти пиво.
Од пиварницата изјавија:
„Едното е деликатно, а другото има поинтензивна арома и посилен вкус. Ова не е прв пат некој во Италија и Европа да се обиде да направи цврсто пиво, но досегашните експерименти не биле успешни поради неправилна комбинација на состојките. Веруваме дека ја пронајдовме вистинската формула за производ со врвен квалитет. За нас, ова е иднината“.
Во подготовка е и излегување на пивото на поширокиот светски пазар како сите луѓе би се запознале со генијалната идеја за пивото кое се јаде.
Изумителите препорачуваат тоа да се јаде со тост со сирење, но може да послужи и за полнење на пити и колачи.
Погледнете го видеото за пивото кое се јаде: