Се зголемува смртноста на новороденчињата!

Податоците од Статистичките анекси на Извештаите од Европската комисија, за земјите кандидати за членство во ЕУ, покажуваат дека во споредба со Албанија, БИХ, Црна Гора, Србија и Турција, Македонија е единствената земја во којашто последователно, три години по ред, се зголемува смртноста на новороденчињата.

„Податоците на Европската комисија покажуваат дека во Македонија, зголемувањето на смртноста кај новороденчињата е за фрапантни 34%, односно, од 7.6 во 2011 година до 10.2 во 2013 година.
За споредба, во истиот овој период, во земји како Албанија и Босна и Херцеговина, смртноста на новороденчињата се намалува за околу 10%.
Според ЕУРОСТАТ просекот во ЕУ на овој индикатор е 3.8. Стапката во Македонија е 268% над овој просек. Додека во останатиот дел од Европа и светот се намалува смртноста кај новороденчињата благодарејќи на медицинското знаење, технологија, и подобрување на условите за живот, Македонија е на дното на Европскиот континент”, вели Владимир Милоев, член на партиската комисија за здравство од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.