Се што не сте знаеле за Ајнштајн
Тој ја формулирал Специјалната и Општа теорија на релативноста со што ја револуционализирал модерната физика. Покрај тоа, допринел во напредокот на квантната теорија и статичката механика. Иако е најпознат по неговата теорија на релативноста (особено по еквиваленцијата на масата и енергијата E=mc^2), Нобеловата награда за физика му била доделанеа во 1921 година за објаснувањето на фотоелектричниот ефект (труд објавен 1905 година во “Година на чудата”) како и за допринос бо развојот на теориската физика.
Дали Ајнштајн бил лош ученик?
Тој имал проблеми во учење на јазикот додека бил мал. Родителите го носеле дури и на лекар. Исто така бил бунтовник, па поради тоа го исфрлиле од едно училиште. Но баш овие работи од него направиле генијалец. Неговиот однос со авторитетите овозможил да може да ги преиспитува дотогашните знаења. Неговиот спор вербален развој го донел на патот на кој започнал да се занимава со просторот и времето, што за голем дел од возрасните било преценета тема. На пет гоини добил компас од својот татко, а до крајот на животот се занимавал со магнетното поле. Сакал за светот да размислува повеќе во слики отколку во зборови.
‘Верувале или не’
Иако неговиот ѓивот нуди многу животни иронии, ова не е една од нив. Кога во 1935 година на Ајнштај му го покажале Риплеровиот текс за тоа како паднал на испитот по математија, тој гласно се насмеал. Одговорил дека никогаш не паднал на испитот по математика, и дека пред својата 15-та година ги разбирал диференцијалните равенки и интегралите. Во основното училиште бил меѓу најдобрите и покрај сите очекувања за просечното познавање на математиката. На 12 години, според неговата сестра, бил многу успешен во решавање на проблеми од напредна аритметика, па затоа планирал и самиот да се занимава со геометрија и алгебра. Родителите поради тоа му подариле напредни збирки задачи. Не само што успешно ги решавал проблемите и задачите, туку се обидувал и да ги изведе теоремите на свој начин.
Дали повеќе сакал да размислува во слики или во зборови?
Да, неговите најголеми напредоци биле направени благодарение на визуелните погледи и сликите во глава а не врз основа на експериментирање во лабораторија. Станува збор за т.н. мисловни експерименти. На 16 години се обидел да се замисли себе си како јава на светлосен зрак. Прашањето е дали во тој случај, кога набљудувачот ќе ја достигне брзината на светлината всушност ќе може да ги види неподвижните светлосни зраци. Проблемот бил што равенките на Максвел тоа го забранувале. Тој знаел дека математиката е јазик преку кој природата ги опишува чудата, па затоа се обидувал да замисли визуелизација на тие равенки. Наредните десет години ги посветил на ваквите мисловни експерименти и така дошол до Специјалната теорија на релативност.
Со кој мисловен експеримент дошол до Општата теорија на релативност?
Замислувајќи човек кој се наоѓа во лифт кој слободно паѓа. Човекот во тој случај слободно би лебдел, а се што би извадил од џебовите исто така слободно би лебдело околу него. Истото ова би се случувало и кога човекот би се наоѓал во истата кабина на лифтот некаде во вселената. За човекот тоа би изгледало како да го привлекува гравитацијата. Од равенката за ендаквост на забрзаното движење и гравитацијата ја извел општата теорија за релативност.
Со каков мисловен експеримент може да се објасни гравитацијата?
Доколку замислиме циркуска трамболина на која скокаат и се отфрлуваат циркузанти, таа ќе ни биде добар пример за опис на просторот. Доколку на неа ставиме некоја потешка кугла, ќе приметиме дека просторот се свиткува навнатре. Доколку сега на работ на трамболината пуштиме неколку топчиња од билијард, ќе забележиме дека тие спирално се движат кон куглата во центарот. На ист начин Општата теорија за релативност објаснува дека масата го закривува просторот и дека движењето на телата околу друго тело е всушност закрименост на просторот.
Каков бил приватниот живот на Ајнштајнт?
1905 година кога завршил колеџ, не можел да се запише на докторски студии ниту пак добил работа на факултетот. Се вработил како испитувач во Патентниот завод. Во текот на слободното време на работа, напишал 4 трудови кои ја унапредиле физиката.
Единствената личност која му помагала била Милева Мариќ, повлечена србинка која била единствената жена на неговиот факултет. Се заљубиле и добиле вонбрачна ќерка, која ја дале на посвојување и пред тој да ја види. После тоа се венчале, и добиле два сина. Меѓутоа, бракот подоцна се распаднал. Ајнштајн на Милева и го понудил следниов договор: бидејќи претпоставувал дека ќе добие Нобелова награда за еден од трудовите од 1905 година, и предложил неа да и ја даде целата награда во замена за нејзиното одобрување на развод. Меѓутоа поради премногу радикалните продори во науката, за наградата морал да почека до 1921 година.
Често се поставува прашањето дали Милева заслужила дел од признанието на Нобеловиот комитет. Таа, да, му помагала околу математичките пресметки, но деталната анализа на нивните преписки, покажува дека сите нови концепти се негова идеа. Маѓутоа ова не треба да го намали нејзиното значење во времето во кое како жена сакала да биде физичар.
Религија и неговиот однос према евреите
Неговата врска со еврејскиот народ била најцврста линја во неговиот живот, иако не се посветувал на религиски ритуали или обичаи. Постоеле анти – семитски реакции на неговата јавна популарност и на неговиот еретички дух кој неговите теории често го имале во јавноста. Но баш тој анти –семитизам кој и сам го чувствувал. Влијаел уште повеќе да се идентификува со својот народ. Неговото прво патување во САД било за да собере пари за Ционистичкото движење, за да во 1933 година побегне од Хитлер и се пресели во Принстон. Пред крајот на својот живот му било нудено да биде првиот претседател на Израел, понуда што ја одбил.
Длабоко верувал дека Божјото дело може да се види во хармонијата на природните закони и убавината на се што постои. Често го спомувал Бог во своите расправи, како на пример кога со реченицата “Бог не фрла коцкички” и се противел на квантната механика. Когаби го прашале директно дали верува во Бог, експлицитно одговара со ДА, со образложение: “Ние, како човечки род, се наоѓаме во ситуација како да сме мало дете кое влегува во библиотека полна со книги на разни јазици. Детето не знае дека некој морал да ги напише тиа книги. Не знае на кој начин. Не го разбира јазикот на кој се напишани. Детето претпоставува дека постои некакво мистериозно правило според кое книгите се уредени, но не знае како гласи тоа правило. Ние ја гледаме вселената која е убаво уредена и која почитува одредени правила, но нејасно ги разбираме тие правила.”
Политички ставови
Ајнштајн бил пацифист, се до појавата на Хитлер кој го натерал да ги преиспита своите геополитички равенки. Инсистирал на конструкција на атомска бомба, но подоцна бил лидер во движењето кое барало контрола на ширењето на нуклеарното наоружување. Како што барал теорија обединета во физиката, исто така мислел и дека идејата за федерализација на светот е најдобар начин да се запрат натпреварувањата на нациите. Бил борец за правото на слободно мислење и слободата на говорот.
Пред смртта во 1955 година напишал говор по повод Израелскиот ден на независноста кој започнувал со зборовите: “Ви се обраќа, не како грашанин на САД, ниту како евреин, туку како човечко битие.”