Се спрема ли Трета светска војна?

Историјата изгледа не не научила ништо! Иако Првата и Втората свестска војна започнаа кога една европска земја се обиде да припои кон себе територија на друга земја, некои немирни мегаломаснки духови не можат да се задоволат со она што го имаат иако тоа што го имаат е најголемо на светот.

Дали се движиме кон Третата светска војна или не, не е прашање на кое овде ќе пробаме да дадеме одговор, но ќе кажеме само дека и екс украинскиот претседател Кравчук и Доналд Трамп, полскиот премиер, предупредиле дека ова е можно сценарио. Ќе додадеме и дека ова се всушност месеци во кои Адолф Хитлер ја завршил окупацијата и разбивањето на Чехословачка, пред да ‘тргне’ во септември истата година да го ‘брани’ германското малцинство од ‘злите’ полјаци кои ги ‘дискриминирале, напаѓале, тероризирале и мачеле’: според тоа, сето она што сега им го прават украинските ‘фашисти “на добронамерните Руси кои само сакаат да живеат во нормална земја. 

Се надеваме дека до војна нема да дојде ниту во Украина а ни во светот, и дека целиот проблем ќе се реши по мирен пат, но ако тоа не се случи, ако Американците и Русите почнат да пукаат едни на други и ако избие нов глобален судир, тој би можел да изгледа вака.

МОЖНИ СОЈУЗНИЦИ

Русија нема ниту еден пријател на своја страна. Иако Кина се наметнува како логичен сојузник на Кремљ во Третата светска војна, иако заедно се дел од Шангајската организација за соработка, тоа не е воопшто така едноставно: не само што Америка и Европа се најбитните трговски партнери на Пекинг, туку е можно лидерите на најнаселената земја во светот да фрлаат око на ненаселениот руски Сибир, па постои шанса да ја искористат дадената ситуација. Можно е на почеток да бидат неутрални, да почекаат и видат како би се одвивале работите на бојното поле па на крај при преговорите – како Италија во Првата светска војна – да застанат на страна на една од завојуваните страни. Реалната и пресметана политика која ја форсира Пекинг веќе со децении упатува на ова.

Иран, Северна Кореја и Белорусија се веројатно најсигурните руски сојузници (иако Лукашенко има неутрален став за украинската криза, веројатно и сам плашејќи се од анексија), а не треба да се исклучат ни останатите земји кои покрај Русија и Кина се дел од БРИКС: Бразил, Индија и Јужна Африка, иако оваа последната е најмалку веројатна. Колку се веројатни Бразил и Индија е исто така под знак прашалник, иако Индија има посебни безбедносни односи со Русија и е втор најважен пазар за руското оружје; бидејќи, иако овие држави сакаат поинаква прераспределба на моќта во светот која повеќе би соодветствувала на нивните растечки економии, останува да се види колку далеку се спремни да одат. 

Покрај тоа, централно – азиските држави – а особено поголемиот Казахстан – би можеле да се одлучат да и свртат грб на Русија од страв од анексија на нивните територии кои ги населуваат етнички Руси. 

Во најлошото можно сценарио, Русија ќе се најде помеѓу чеканот и наковалната. Во најдоброто, ќе ја има покрај себе цела Азија, како и делови од Африка и Јужна Америка. Меѓутоа, најреални е ова да биде судир во кој ќе учествува само Русија (евентуално до неа Белорусија и Иран) и НАТО.

Од друга страна на фронтот нема дилеми: Америка и цела Европа која ја опкружува Србија ќе биде во судир со Руската Федерација и оние кои би биле на нејзина страна. НАТО е веќе на границите на Русија: балтичките земји се членки на оваа алијанса, а судејќи по се наскоро ќе се приклучи и Финска, бидејќи не е исклучено таа да е следната мета на Путин после Украина. Исто така< тука е и Израел кои сосема сигурно ќе биде на страна на Америка, како и Тајван чиј опстанок би бил загрозен ако Кина застане покрај Москва; арапските земји веројатно ќе останат неутрални, со блага наклоност кон американската страна. 

КОЈ Е ПОЈАК?

Србите сакаат да ги потценуваат американците, иако минатото не дало повод за такво нешто. Војната во Виетнам, навистина, е исклучок на кој сите се повикуваат иако постојат стотина спротивни примери кои покажуваат дека воената сила на најмоќната светска држава и ден денес е супериорна над сите останати конкуренти. Не станува збор само на технолошка надмоќност: сведоштвата на луѓето кои во редовите на Легијата на странци војувале рамо до рамо со американците велат дека се работи за неверојатно обучени и способни лица кои функционираат како швајцарски часовник. 

Русија има 766.000 активни луѓе со оружје, и два милиони резервисти. Кина, која е потенцијален сојузник на Кремљ, има околу 2,3 милиони активни и 800.000 резервисти; Северна Кореја има 1,1 милиони активни и осум милиони резервисти, но тие би биле практично неупотребливи поради географската изолираност и фактот дека примарна цел им е одбрана на Југот; Иран има половина милион активни и 350.000 резервисти; Индија има 330.000 плус 1,3 милиони резервисти. Белорусија има околу половина милион вкупно. Кога ќе се пресметаат и паравоените формации на овие земји доаѓаме до бројка од околу 30 милиони потенцијални војници.

Д друга страна НАТО има четири милиони активни припадници на вооружените сили и пет милион резервисти, а најголем дел од нив го сочинува американската војска: 1,4 милиони плус 850.000. кога ќе се собере се на оваа страна, доаѓаме до бројка од околу 20 милиони. Сепак, и за едната и за другата страна, ова е само основна проекција. Америка има двапати повеќе население од Русија, додека Европската Унија има околу половина милијарда. Ако Индија и Кина застанат на страна на Русија, тогаш на таа страна има околу 2,7 милијарди луѓе, најголем дел Индијци и Кинези; но, бидејќи овие држави немаат регрутација, ќе биде тешко да се ангажираат и обучат – особено во Индија во која 70% од луѓето живеат во руралните средини. 

Она што ќе игра клучна улога е борбената готовност. САД има 7.700 нуклеарни боеви глави, со сојузниците околу 8.500, колку што има само Русија. Кина има најмногу 250, Индија околу сто. Сите главно имаат јаки против ракетни штитови. 

Русија има 22.710 тенкови, Кина девет илјади, Индија нешто помалку од шест илјади, Северна Кореја 3.500, Иран скоро три илјади, Белорусија 1.608. од друга страна, Америка има нешто помалку од девет илјади, Украина и Турција скоро четири илјади, Германија 2.500, Тајван скоро две илјади, Израел 1.680 и тн. Кога се би се собрало, Русија во најдобриот можен случај на своја страна би имала околу 45.000 тенкови. На другата страна би биле 25 илјади.

Америка доминира на морињата и океаните, бидејќи има 10 носачи за авиони кои се најбитни во модерното поморско војување уште од времето на Втората светска војна. Заедно со сојузниците има 17. Русија, Кина и Бразил имаат по еден носач за авиони, додека Индија има два. Надмоќноста во морнарицата е на страна на Америка и тоа се гледа во сите останати категории на бродови со исклучок на корветите; на пример, Американците под своја контрола би имале 92 нуклеарни подморници, додека русите 38. 

И во воздух е видлива доминацијата на НАТО: Америка има 3.318 борбени авиони, додека Турција, Јужна Кореја, Германија, Израел, Тајван, Јапонија, Италија, Франција, Грција итн имаат сите по околу 500: вкупно 8.500. Русија има 1.900, Кина 1.500, Индија илјада, Северна Кореја околу 600, Иран околу 400, итн: вкупно околу 5.500.

Строго технолошки гледано, предноста на Америка и НАТО алијансата е повеќе од очигледна: нивното оружје и попратната инфраструктура се далеку понапредни од она што го поседуваат противниците, иако руските авиони сами по себе (веројатно) се најдобри на светот. 

Повторно мора да нагласиме: сето погоре наведено земете го со резерва бидејќи не е сигурно каде би се вбројале Кинезите и Индијците во случај на целосна глобална војна, а не е јасни ниту што би правел Пакистан (ако Индија се одлучи за Русија, тогаш нивниот пат е очигледен). Го разгледавме најдоброто можно сценарио за Русија, но тоа би можело да биде многу, многу полошо. Покрај тоа, тешко дека Кина би си дозволила да игра како ќе свири Путин, така што дури и ако би биле на страна на Москва не е извесно дека комплетно би ги следеле плановите ниту кој би бил ‘главен’ на тој сојуз. 

Исто така, НАТО со своите сојузници има разработен тим и заедничка команда која е веќе одамна испробана; дури и ако бројките не се во се на нивна страна, предноста што тоа ја носи е сепак огромна. 

КАКО БИ МОЖЕЛА ДА СЕ ОДВИВА ВОЈНАТА

Нуклеарниот холокауст е една од работите кои ги плашат луѓето најмногу кога ќе им се спомне можноста за Трета светска војна, па се вели дека тој ќе биде последен бидејќи после тоа нема да има кој да води војна и ништо поради што нова војна би се водела. Алберт Ајнштајн рекол: “Не знам со какво оружје ќе се води Третата светска војна, но четвртиот ќе се води со стапови и камења”.
Со оглед дека има голема веројатност да се употреби нуклеарно оружје, постои можност и до тоа да не дојде, бидејќи сите се свесни што тоа значи и до што би можело да ги донесе и нив самите. Сепак, силите кои ќе почнат да губат е тешко само да го гледа она неискористеното а да не го употреби. Затоа да тргнеме од претпоставката дека војната ќе биде атомска. 

Вашингтон е единствената сигурна мета на руските проектили; Москва главната цел на американските. Можно е Кремљ да не таргетира цели во Европа, делумно поради близината со Русија а делумно поради обидите да ги придобие на своја страна а против Америка. Ако пак тоа не биде случај, Берлин, Брисел, Лондон и Париз се сигурни цели. 

Истата тактика би можел да ја примени и Пентагон, па Кина веројатно нема да ја вовлекуваат бидејќи со сите сили ќе се тежнее Пекинг да ја смени страната, ако не биде неутрален (слично како што Велика Британија и Франција во 1939 година не објавија војна на Советскиот Сојуз иако тој заедно со Хитлеровата Германија извршил инвазијана Полска). Не е исклучено и дека истото ќе се проба и со Индија, освен ако Њу Делхи не го ракетира Пакистан или Пакистан нив.

Треба да се има предвид дека големото прашање е всушност колку од овие проектили ќе стигнат до вистинската цел, со целата таа технологија која е осмислена да ги пресретне и собори. Исто така, прашање е и каде ќе паднат, и на кој. Во секој случај, милијарда луѓе би можеле да исчезнат во првиот половина час од војната,заедно со уште 1,5 милијарди после тоа. Северната хемисфера би станала ненаселива, а радијацијата брзо би се пренела и на јужната.

Ако сепак војната биде водена со конвенционално оружје, главното бојно поле ќе биде Истчна Европа, сосема сигурно Украина, Белорусија и балтичките земји, а од текот на војната ќе зависи дали ќе се префрли и во Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Турција, Србија … или пак самата територија на Русија. Африка и Блискиот исток исто така би можеле да се претворат во боишта на кои силите ќе си ги одмеруваат Индија и Кина со Америка и нејзините сојузници.

Војната на Пацификот овој пат ќе се води меѓу Америка и Кина; веројатно на Филипините и во Индонезија, но првенствено во Јапонија бидејќи Кинезите едвај чекаат да се осветат поради окупацијата во Втората светска војна; при тоа, во Јапонија има и голем број американски војници, така што таа е логичен фронт. Индија и Пакистан сосема сигурно ќе бидат во војна.

Од сето наведено тука е и сајбер војувањето кое би можело да направи разлика: веоните хакери ќе бидат користени за шпионажа и саботажа, и кој знае за што уште. 

Скоро е сигурно дека никому нема да му падне на памет да изврши инвазија на Кина и Америка, бидејќи освојување и успешна инвазија на тие земји се граничи со научна фантастика. 

 

 

 

Извор: telegraf.rs

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.