Се поголем е бројот на заболени овци во Тиквешијата

И покрај прскањето против комарци ширењето на болеста син јазик се повеќе се шири а од ден на ден расте бројот на фармери кои пријавуваат нови заболени овци а пријавени биле и заболени кози.
Според државниот ветеринарен инспектор Спасе Донов, козите за разлика од овците пружале поголема отпорност на болеста син јазик и кај нив сеуште нема евидентирано смртни случаи.

Полоша е состојбата во селата Бохула, Крњево и Куманичево каде во стадата има над 50 проценти заболени овци. Досега е пријавена смртност на околу четиристотини овци. Прскањето против комарци кои се сметаат за главен преносител на болеста син јазик кое беше извршено во саботата не вроди со плод а фармерите стравуваат дека болеста син јазик целосно ќе им ги уништи стадата.

Се наметнува прашањето колку ние функционираме како држава и колкава е способноста на нашата општина да излезе во пресрет на граѓаните кои преку одгледувањето на овците се борат за основните егзестенцијални потреби?

Leave a Reply

Your email address will not be published.