“СО КНИГА ПРОТИВ ГЛАДТА“, акција со која се одбележа светскиот ден за борба против гладот

 Граѓанските организации – СУНА Македонија, Арт Лифе Скопје, Уметност на живеење Македонија, Организацијата на жени од Струмица, Младинска Алијанса од Тетово и секако Банката за храна Македонија  реализираa Хуманитарна акција со цел барем малку да им се помогнеме на одредени сиромашни и социјално загрозени фамилии од Р. Македонија во помалку безгрижно подготвување на зимница но и обезбедување на прехрамбени производи кои барем малку ќе им го олеснат секојдневието на истите, и тоа во период кога сме сведоци на се поголема сиромаштија која владее во Р.Македонија но и секаде во Светот.

Акцијата со наслов “СО КНИГА ПРОТИВ ГЛАДТА“, се обележа со скромна поддршка за печатење на промотивен флаер и бокмаркер кој се обезбеди од АД ЕЛЕМ, симболична количина на книги од Издавачките куќи “Македонска реч“ и “Македоника“, Просветно дело, “Издавачкиот центар ТРИ“ “Магор“ и “ТНИД Ѓурѓа“, а симбилочна поддршка имаше и од волонтерите кои дел од своите лични “библиотеки“ доделија одреден број книги кои беа искористени во оваа акција.

Вкупно беа собрани 169 производи во вкупна тежина од над 125 килограми од истите.

Од Банката за храна Македонија и нивните партнер организации  им се заблагодаруваат и на пријателите од РЕАКТОР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.