Владимир Милчин: Се надевам дека опозицијата сфаќа дека еврократите не ги интересира ни слободата ни правдата
Фејсбук статус на Владимир Милчин за средбата Заев – Груевски
Се надевам дека опозицијата не ја заборавила ланската „тоалетна хартија“.
А се надевам дека најпосле сфатиле дека еврократите не ги интересира ни слободата ни правдата.
Нема белки да потклекнат во името на евроатланските интеграции кога Груевски само глуми дека му е до ЕУ и НАТО? Нему му е само до власта неограничена од ништо и никого. Еврократите можат да се прават недоветни, но опозицијата нема право на недоветност. Дотолку повеќе што бившиот им партнер Ахмети се прави недоветен, па ги обвинува нив дека ги опструирале (?!) евроатланските перспективи на Македонија. Па Али и Грујо имаат доволно големо мнозинство, а можат да сметаат и на Мендух, за да најдат решение за влезот во НАТО и ЕУ. И онака опозицијата, партиската и непартиската, е составена од „предавници“. Што ќе им се „предавници“ во преговорите со Грција? Сами, Грујо и Али ќе бидат посилни и ќе извојуваат поповолен резултат. Или планот е тие да ќарат, а на опозицијата да и викаат „Уа предавници“?