Се гради на Плаошник, ама што?

 Тие стравуваат дека новите градби ќе доминираат на просторот кој со милениуми бил духовно светилиште на христијаните и мусиманите, кон кое охриѓани имаат посебни чувства. Загриженост изрaзија и градските советници, кои побараа локаланта самоуправа да изврши ревизија на активностите кои се во тек на Плаошник.
-Се работи за високи градби, за објекти кои можеле да бидат изградени пред 1000 години, но не биле, а сега некој си зеде за право без да ги праша охриѓани, или советот да гради дури и резиденцијални објекти на Паошкик.-рече советникот од СДСМ Томислав Тунтев.
Од локалната самоуправа посочуваат дека Плаошник е проект на Министерството за култура и дека истиот се реализира согласно урбанистичкиот план за овој локалитет.
-Локалитетот Плаошник заради чувставтата на охриѓани и значењето ќе биде оплеменет во убаво катче со кое ќе се гордееме. Јас личнио и Локалната не гледаме проблем, проектот се гради според процедури кои се пропишани.-вели секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.
Сепак од локалната самоуправа најавија дека ќе побараат информација од надлежните државни институции за сите активности кои се преземаат на Плаошник и доколку некои од нив се спротивни на интересот на граѓаните, ќе биде покрената постапка за нивно стопирање.
Во меѓувреме кон Плаошник по заобиколен пат околу Самоиловата тврдина секојдневно оперира тешка механизација која работи на изградба на резиденцијата на МПЦ и музејски комплекс, кои се само дел од десетината објекти кои треба да никнат на просторот на кој се наоѓа црквата Св. Пантелејмон во која почиваат моштите на Св. Климент, турбето на големиот турски великодостојник Синан Челеби и базилики со вредни мозаични подови.
Според проценките изградбата на комплексот на Плаошник треба да заврши до 2016 година, и се очекува да чини околу 24 милиони евра.

Извор Телма 

Leave a Reply

Your email address will not be published.