СДСМ треба да се фали, а не да се срами од нивните бронзи

Повикот за ширум отворени врати од страна на опозицијата, пред се од СДСМ како носечка политичка партија не би требало да остави никој рамнодушен кој мисли дека може на било кој начин да помогне.Тоа некои го прават со молчење, други со свои размислувања, совети итн.До донесувањата на конечните одлуки за како понатаму партиските раководства проценуваат што е добро, добронамерно, злонамерно, штетно итн.Така барем би требало да биде.

Некои размислувања од страна на граѓаните се поумерени, некои поостри, а некои навистина ги ставаат на тест раководствата. На вистинска раскрсница, како што впрочем сега се наоѓа државата.На поострите забелешки треба да гледаат со симпатии, а не со одбивност и непријателство.

СДСМ и партиите од опозицијата немаат друг инструмент пред јавноста освен да играат на нивната карта, на нивната ”бронза”.Тоа е тешко, но единствено можно и препознатливо, а кое отвара перспективи и за нив и за државата.Нивната ‘бронза’ е се што имаат направено од 2005 г. наназад (кандидатски статус, Договор за стабилизација и асоцијација, Рамковниот договор, Времената спогодба, приемот во ООН.) и се што немаат направено од она што го прават сега партиите на власт.На пример, спомениците од проектот Скопје 2014.Типичен пример како се прави нешто големо кога ништо не се прави.Тоа не е срамно, тоа треба похрабро да се афирмира.

Довербата кон челните луѓе од партиите е од исклучително важно значење за граѓаните.Тука е и најтешката задача. како да се  придобие, задржи и зацврсне.Секој нивни потег се мери, проценува, споредува со претходниците итн.
Остро сум реагирал за потези кои се лесно препознатливи за ‘прибирање’ гласови.Тоа е навреда за сите останати кои сериозно размислуваа и делуваат опозицијата да воспостави вистинска рамнотежа и да ги менува и води работите на подобро.
Што би можел да ги советувам Заев и Шеќеринска сега? Па, согледувајкји ги состојбите, демократскиот амбиент и условите по кои би можеле да се одржат првите наредни избори, пред се мислам на парламентарните, ги советувам, особено Шеќеринска и потпретседателите на СДСМ ДА НЕ ГИ ВЕРИФИКУВААТ СВОИТЕ мандати за пратеници, ако оценат дека и тие избори се нерегуларни, а претходно прифателе да излезат на избори.
За претседателскиот кандидат сум кажал и ќе повторам.Не признавам сега надпартиска личност.Тоа е нејасна позиција која може да ги вброи ‘во власта’.
Ако оценат дека им се гарантирани фер услови за избор на првиот човек на државата, тогаш мој совет е таа личност да биде Шеќеринска.Зошто таа не би била прифатлива за Албанците? Има и легитимитет кај опозицијата, најдобар, нели? 

Leave a Reply

Your email address will not be published.