СДСМ со Алистер Кембел ќе го дотолчува ВМРО –ДПМНЕ!?

Се повеќе се зборува дека во ВМРО-ДПМНЕ во нивниот табор пристигнале експерти за медиуми и ПР од неколку земји, меѓу кои од Израел,Турција, Бугарија и Германија.

Мактел од извори во ВМРО-ДПМНЕ дознава дека и СДСМ веќе има ангажман со Алистер Кембел и дека неговите луѓе се веќе сместени во Приштина и нема да бидат во Скопје заради нивна безбедност.

Алистер Кембел важи за една од најдобрите стратегиско/политички медиумски компании во светот и дека до сега ретко биле поразени. Од извор на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека Алистер Кембел компанијата се согласила да помага бесплатно на македонската опозиција, а притоа ќе едуцира и кадри за овој тип на маркетинг.

Дознавме дека оваа вест веќе го мобилизира ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што за прв пат се соочени со голема ајкула од спротивната страна. Компанијата Алистер Кембел многу политички партии, избори и лидери ги изела за „доручек“.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.