СДСМ не смее да живее на стара слава

Наместо засилено да афирмира вредности кои треба јасно да ги разликуваат од политичкиот противник ,СДСМ се вклопува во сивилото на владеењето, претворајќи се во помагало за полесно владеење,со што ги загрозува перспективите на државата. Колеблива, плашлива и неразбрана, партијата ќе го изгуби партнерството со многумина кои сака вешто да ги користи без да се конфронтира со пошироката јавност која не може на таков начин да ја присвои.

Се забележува дека оваа партија е претворена во подпартија на онаа главната од власта, коалиционен партнер ‘во сенка” и фалсификатор на изборната волја на граѓаните. Довербата кај граѓаните, иако намалена е сериозна, но таа се должи пред се заради светлите нејзини моменти од претходните години, особено клучните во поновата историја на државата кога СДСМ ја водеше државата. Граѓаните заслужуваат подобар СДСМ и опозиција. СДСМ ваков каков што е не е кадарен да го победи ВМРО-ДПМНЕ. Како никогаш досега е раскарана партијата, затворена за граѓаните, потценети се видни, докажани и заслужни членови и граѓани кои давале печат на СДСМ и ја афирмирале полезноста на политиките под нивно водство, направени се погрешни проценки за изборите и за исходот од нив и изгубена е подршката од меѓународната заедница. Партиската акција за морална чистота е гаранција дека отпорот ќе биде скршен и опасност дека партијата може да прерасне во десеткувана дружина чиј ослободителен сон може да остане само сон, додека не се вбризгаат сите содржини, вклучително и културните од противникот. Така угасен, отпорот ќе мора да се рехабилитира не на начин како што сега се амбицирала партијата да дава признанија со нејзин печат на “вистинските” борци преку двајца сведоци , туку спротивно, печатот ќе треба да го дадат граѓаните заедно со неа ослободена најпрво од заедничките потфати со противникот, за што виза немаат дадено делегатите на на највисокиот орган на партијата. Одлуките на конгресот ќе станат ирелевантни за незадоволните граѓани и ќе останат обврзувачки за загрижувачко мал број членови од највисоките органи на партијата.

Цврстината на СДСМ се гледа на ДЕЛО. Борбата продолжува како шега чие решение од дијалогот наречен политички е да се спаси некого. Државата во тоа не е пред се, се разбира. Партијата решила очигледно да се одалечи од волјата на сите на кои јасно им порачува дека се невредни за внимание. СДСМ е во бојкот со вредностите кои треба да го спасат и него и државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.