СДСМ ја претстави својата “Визија за Македонија” пред кавадарчани

подготви Кире Бебеџаков

Во понеделникот со почеток од 18 часот при домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци, СДСМ ја претстави својата „Визија за Македонија“ со дел од мерките кои ќе бидат превземени веднаш по капитулацијата на режимот на Никола Груевски и најблиските членови од неговото гето. Говорниците најмногу се задржаа и говореа во делот на аграрот, енергетиката, животната средина и инфраструктурата, области во кои актуелната власт го направи најголемиот грабеж во историјата на Македонија, а нејзините граѓани ги осиромаши до гола кожа.

Татјана Прентовиќ од секторот за земјоделие на СДСМ рече дека ќе има промени околу откупните цени за грозјето, односно минимум 15 денари за вранец и 13 денари за смедевката. Тоа и не е баш некоја цена за величење но сепак е многу подобра од моменталната. Многу интересен е фактот што го напомена Прентовиќ дека ќе следува и ревизија на распределбата на државното земјоделско земјиште, односно ќе им биде одземено на сите криминални структури од ДПМНЕ кои глумат земјоделци и се богатат преку субвенциите кои не ги заслужуваат. Такви во Кавадарци ги има бајаги многу.

Пеце Мирчевски од комисијата за животна средина на СДСМ рече дека  „бомбите“ се повеќе од доказ за големата нееднаквост, корупција и криминал од актуелната власт, додека Митко Андреевски од секторот за енергетика нагласи дека струјата од 2006 досега е покачена за 84%. Тој најави модернизација на ТЕЦ Неготино и ставање во функција. Да потсетиме, моментално ТЕЦ Неготино работи со загуба а данокот го плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Обрачот околу актуелната криминална структура на ДПМНЕ од поодамна се стега. Расколот меѓупартиски и паниката во највисоките редови е неизбежна. Многу високи функционери ги фрлија партиските книшки и тропаат на вратите од опозициските штабови барајќи прошка. Од неофицијални извори дознаваме дека и неколку кавадаречки бизнисменчиња кои се офајдија од владеењето на ДПМНЕ бараат тајни средби со опозицијата за да си ги “исперат” гревовите на наредните избори, кога и да се. Премиерот Груевски беше во право за една работа. Вистината е како шило.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.