СДСМ и ВМРО-НП самостојно на евентуалните предвремени парламентарни избори

Како што стои во заедничкото соопштение од СДСМ и ВМРО – НП, станува збор за партии со различни програмски платформи, коишто се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба.

Од тие причини заклучено е дека секоја од партиите, со поединечниот настап, ќе може подобро да се доближи до граѓаните на кои им се обраќаат, а исто така на тој начин и да ја добие вистинската доверба од своето гласачко тело, се појаснува во соопштението.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-Народна партија изразуваат задоволство од коректната и принципиелната соработка во изминатиот период.

И понатаму останува заедничката цел на сите политички партии од опозицијата, а тоа е победа на следните избори и уривање на актуелната власт, се подвлекува во заедничкото соопштение од СДСМ и ВМРО – НП.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.