Саудиски свештеник отфрла дека Земјата се врти околу Сонцето

Саудискиот свештеник тврди дека Сонцето се врти околу Земјата што предизвика бран од реакции во медиумите.

Одговарајќи на прашања од студент, дали Земјата се движи или не, шеикот Ал Бандар Каибари одговорил “Во мирување е, и не се движи.”

Тој потоа се обидел да го поддржи неговиот аргумент со цитирање на некои свештеници и избрани верски извештаи. Но, можеби најконтраверзниот метод да ја разоткриеме теоријата на ротација е “логична” дедукција.

“Прво, каде сме сега? Одиме на аеродром да патуваме во Кина со авион, јасно? Фокусирајте се со мене, ова е Земјата”, вели тој, држејќи затворена чаша вода. Тој заклучува деа ако авионот запре додека е уште во воздух “Кина ќе дојдат кон него” во случај Земјата да ротира во една насока. Ако Земјата ротира на спротивна насока, авионот никогаш нема да стигне до Кина, бидејќи “Кина исто така се врти”.

Во одделни изјави шеикот вели дека човекот никогап не отишол на Месечината, отфрлајќи ја екскурзијата на Месечината на НАСА како холивудска измислица.

Видеото на шеикот предизвика бура контраверзни забелешки на социјалните медиуми, особено на Твитер.

Италијанскиот астроном Галилео Галилеј беше обвинет два пати за ерес од страна на црквата за неговите верувања, вклучувајќи ја и неговата подршка на Коперниковата теорија дека Земјата и Планетите се вртат околу Сонцето.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.