Саудиска принцеза уапсена за трговија со луѓе

Обвинетата 42-годишна Мешал Алајбан ја довела жената во мај, и’ го одзела пасошот и и’ плаќала по 220 американски долари месечно додека истовремено ја држела затворена во апартманскиот комплекс во Ирвин во сојузната држава Калифорнија. Кенијката морала да ги мие садовите, да готви, чисти, пере и да пегла без ниеден ден одмор.
Во домот на семејството Алајбан полицијата во текот на претресот пронашла уште четири Филипинки чии пасоши, исто така, биле одземени, па се истражува дали и другите членови на семејството биле вмешани во трговијата со луѓе.
Саудиската принцеза е уапсена денеска во нејзиниот дом, откако Кенијката успеала да побегне и запрела еден возач на автобус барајќи помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.