Саудиска Арабија го поместува почетокот на викендот од четврток во петок

Со кралевска одредба викендот во Саудиска Арабија во иднина ќе почнува во петок (наместо четврток како што беше до сега) а промената стапува на сила  овој викенд на 29 јуни во јавните и финансиските институции, централната банка и и берзата.

Во образованието новиот викенд ќе почне да се применува со почетокот на следната школска година. 

Сличен предлог не помина во 2007 година па бизнис заедницата во Арабија лобирала со години да може да се усклади работната седмица со главните регионални комерцијални центри, како што е Дубаи каде викендот почнува петок како и секаде во светот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.