Samsung успешно ја тестира 5G технологијата

Јужнокорејскиот гигант тврди дека тестовите покажале дека еден гига бајт може да се пренесе за една секунда со оддалеченост од неколку километри. Новата технологија, која нема да биде спремна за комерцијално користење пред 2020 година, ќе го забрза преносот и за неколку стотина пати во споредба со 4G LTE, која сеуште не е во употреба. Тоа ќе им овозможи на корисниците да пренесат масивни датотеки, вклучувајќи и дигитални филмови со висока резолуција, практично без ограничувања.

“Корисниците ќе можат да уживаат во широкиот спектар на услуги како што се 3Д филмови и игри, потоа стриминг на содржини со ултра висока резолуција (UHD) и медицински услуги на далечина.”

Од Самсунг исто така порачуваат дека користењето на 64 антенските елементи го решиле проблемот со неповолните карактеристики на ширење на бранови кои до сега го спречувале преносот на податоци на големи далечини користејќи го појасните милиметарски бранови.

Јужна Кореја е една од надобро поврзаните земји на планетата, се проценува дека има 20 милиони 4G корисници.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.