Samsung го претстави најголемиот Ultra HD екран и монитор

Корејскиот производител на ИФА саемот во Берлин ќе изложи три споени 98 инчни екрани и со тоа ќе добие 171-инчен екран.

Новиот 31,5-инчен UHD монитор има 8,3 милиони пиксели, додека стандардните fullHD екрани имаат 2,07 милиони пиксели. Мониторот е наменет за професионалци кои се занимаваат со фотографии и видео материјали, ќе овозможува калибрација на боја, а има и специфичен софтвер за подесување.

Екранот од 98-инчи го носи називот “Large Format Display” или LFD од Самсунг. Цената и датумот на почетокот на продажбата сè уште не се познати.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.