Самит на ЕУ во Брисел

Ова се главните точки кои се на агендата на европските лидери на Самиот на ЕУ што денеска и утре се одржува во Брисел.
На него треба да се формализира и придружувањето на Хрватска во ЕУ на 1. јули, како 28-ма земја членка на ЕУ.
Ова ќе биде прво проширување на ЕУ од влегувањето на Бугарија и Романија во Унијата во 2007.
Во петок ЕУ лидерите се очекува формално да прифатат почеток на преговори со Србија за членство. Европските министри оваа недела препорачаа на Србија да и биде дадено зелено светло до јануари 2014 да ги почне преговорите за членство, по постигнувањето договор за нормализација на односите со Косово.
Исто така се очекува во април на Косово да му се даде одобрение за почеток на преговорите за потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Министрите за надворешни работи на Унијата, кои во вторникот ја подготвуваа агендата и заклучоците за овој Самит, не ја ставија Република Македонија ниту на дневниот ред, иако земјата има осумгодишен статус на кандидат за членство и четири години по ред добива позитивни препораки од Европската комисија и Европскиот парламент да ги стартува преговорите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.