Самохрана мајка изиграна на огласот на Македонски шуми

Со огласот за вработување во Македонски шуми, многу луѓе се изјаснија дека се чувствуваат измамени, пренесува НОВАТВ. Меѓу нив е и битолчанката Виолета Петровска. Таа е невработена, самохрана мајка на две возрасни ќерки, кои исто така не работат, а 14 години живеат по кирија.

Петровска аплицирала на огласот за самохрани родители за вработување во Македонски шуми, по што добила известување дека е примена на работа. Но после еден месец, следувал шок, стигнало ново известување со кое и е соопштено дека е одбиена, бидејќи не ги исполнува условите.

– Кога беше јавното извлекување бев избрана 52-ра по ред, по што ми испратија писмо дека сум примена на работа. Кога помина рокот за жалби, наместо да потпишам договор како што беше најавено, бев известена дека сум одбиена. Ако јас не ги исполнувам условите не знам кој ги исполнува од тие што беа примени, а добро знам кои луѓе се вработени, вели за НОВА Петровска.

Виолета се уште се надева дека ова што и се случува не е играње мајтап со најранливата категорија граѓани, дека Министерството ќе ја заштити, ќе се најде работа и за неа, не само, како што вели, за оние кои што имаат куќи и дуќани. Погледнете, како оваа самохрана мајка раскажува за голготата низ која поминува. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.