Само едно туширање неделно
Можеби звучи изненадувачки, но први кои ја поддржаа акцијата “Намалете го туширањето” се дерматолозите, кои потсетуваат дека со честото туширање и капење го намалуваме заштитниот слој на кожата.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија, кои го проучуваа ова прашање, сметаат дека честото капење може да ја поремети природната флора на кожата и нејзините заштитни масла кои претставуваат брана против инфекциите.
Еколозите исто така ја поддржуваат акцијата, наведувајќи дека со намалувањето на времето поминато под туш не само што ќе заштедиме енергија, туку и ја штитиме природната околина.
Во таборот на промотери на овој животен стил се и многубројни познати личности, како принцот Хари, Џесика Симпсон и сестрите Олсен, кои косата ја мијат со шампон за суво миење, а не со вода.
Актерката Аманда Сејфрид неодамна им порача на сите кои сакаат да имаат убава и здрава коса: “Немојте да ја миете!”.