Само 2,5 посто разлика во рејтингот меѓу Груевски и Жерновски

И логичното прашање е зошто.

Како што дознава „Либертас“, некому му попречија информациите од последната нарачана анкета од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата меѓу Груевски и Жерновски е алармантни 2,5 посто разлика во корист на премиерот, објави порталот.

 

„Црвеното светло на тревога е вклучено, бидејќи никој волку не му се доближил на Груевски во довербата од граѓаните.

Дознаваме дека се оди дотаму, седницата, на која се ДУП-овите со кои се манипулираше јавноста, потоа, Ребалансот на буџетот, на барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инспекторатот на локална самоуправа да ја поништи. Инспекторка во петокот беа кај градоначалникот Андреј Жерновски и претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ, се врши притисок, да се направи невиден преседан и да се поништи седницата. Ова досега не се случило ни на централно ни на локално ниво“, објави „Либертас“.

Инспекциите се секојдневие во општина Центар, и тоа единствено тука, признаваат и инспекторите. Досега го има 15-тина, три пати повеќе за месец и половина од сите 4 години на Тодоровиќ.

За 21. јуни најавен е вонреден инспекциски надзор од Министерството за информатичко општество и администрација.

Барањето е од Нико-фон, а се однесува на гаражата кај Авто Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.