Дали ДПМНЕ Кавадарци сами си искршиле прозорци а притоа обвинуваат други???

Искршени прозорци на два штаба на ДПМНЕ во Кавадарци

Искршени прозорци изминатиот период на два штаба на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци. На 18.11 непознати лица ги искршиле стаклата на штабот во месната заедница “Задругар” на ВМРО-ДПМНЕ додека на 25.11 бил оштетен штабот кој се наоѓа на улицата “Моша Пијаде”.

За првиот случај од 18.11, преку соопштение на јавноста се огласи локалниот огранок на оваа партија од Кавадарци преку својот портпарол.

[su_quote cite=”портпарол на ДПМНЕ Кавадарци”]Случајно или не месниот комитет на ДПМНЕ беше оштетен истата вечер кога СДСМ отвараше канцеларии во истата област. На ова одговор треба да даде полициската истрага.[/su_quote]

Крајно сомнителна изјава во која се шпекулира и упатува кон одреден субјект иако за тоа се нема докази, предходно веќе дава свој одговор а притоа повторно се повикува на одговор од полициската истрага. Но полицискиот билтен е сосема спротивен од овие шпекулации и сомневања од страна на актуелната кавадаречка власт. Еве што официјално од МВР изјавија за настанот од 18.11.2016 година.

[su_quote cite=”соопштение од МВР”]Во временскиот период од 22:00 часот на 18.11.2016 година до 09:00 часот на 19.11.2016 година, на ул.„Пиринска“, од страна на непознат сторител било скршено стакло од канцеларијата на ПП-ВМРО-ДПМНЕ, која е сместена во просториите на Месната заедница „Задругар“.[/su_quote]

Значи од полициското соопштение во никој момент не се открива детали за сторителот затоа што истрагата сеуште е во тек.

Во однос на вториот случај кога повторно стакло од партиски штаб на ДПМНЕ од Кавадарци беше скршено, кандидатот за пратеник од ДПМНЕ, Весна Пемова, на прес конференција ги обвини своите политички противници.

[su_quote cite=”Весна Пемова”]Синоќа повторно се искршени прозорците на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Овој кукавички чин само ја докажува нервозата кај нашите противници. Таа нервоза започна уште кога нивниот лидер Заев најави двојазичност. Треба да им е јасно дека кршењето и уништувањето на нашите штабови само ќе ги чини поголем пораз на овие избори. Бараме од МВР да се превземат мерки и казнат сторителите и да се спречат ваквите вандалски дела кои не се својствени за Кавадарци.[/su_quote]

Пемова исто така јавно обвинува и упатува сомнежи за сторено кривично дело за кое нема докази. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија уште еднаш со официјално соопштение до јавноста.

[su_quote cite=”соопштение од МВР”]За наведените случаи се превземаат мерки на расчистување на истите и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе следат соодветни пријави за сторителите.[/su_quote]

Од горе наведеното се забележува дека полициските истраги сеуште се во тек и од МВР досега немаат конкретна изјава и обелоденување на виновникот. Доколку било кој од партиските испостави на актуелната власт во Кавадарци имаат информации за откривање на идентитетот на сторителите, веднаш треба да се обратат до подрачната единица на МВР и да споделат информации како би се олеснила истрагата. Во спротивно, се смета за кривично дело и е казниво со закон според уставот на Република Македонија доколку било кој има информации а ги крие од органите на МВР.

Во спротивно пак, доколку било кој јавно обвинува и покажува прст кон одредено лице, организација, партија за сторено кривично дело а истрагата е во тек и МВР нема конкретни информации за сторителот, и во тој случај станува збор за кривично дело, наречено клевета.

Оттука следува пршањето кое ја мачи целокупната јавност:

А дали стои како опција да “непознатите лица” и во двата наврати се самите членови-функционери од ДПМНЕ Кавадарци кои и ги искршиле стаклата од штабовите, притоа глумат жртвени јагниња и со тоа да прават лажна слика пред кавадаречката и македонската јавност? Дали се обидуваат со лаги, спинови и невистини да ја манипулираат јавноста и гласачите? Оставаме крајниот исход од истрагата да си го каже своето.

Прозорци искршени

Leave a Reply

Your email address will not be published.