Дали ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци сами си го демолирале штабот???

Оштетен штабот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, ама од кого?

Ноќта на 29 септември штабот на ОК на ВМРО-ДПНЕ Кавадарци бил оштетен од страна на непознати сторители. Истото оштетување било пријавено во полиција за да се превземат соодветни мерки за пронаоѓање на сторителот за да се расчисти случајот.

Овој вандалски чин остро го осудува целата кавадаречка јавност, го осудуваат и партиите и апелираат до сите политички субјекти да се држат до договорениот кодекс за фер и демократски избори.

Сличен ваков настан се случи и за време на декемвриските предвремени парламентарни избори кога два штаба на ВМРО-ДПМНЕ беа демолирани од кои едниот на 18 ноември а другиот на 25 ноември.

 

Случајно или не месниот комитет на ДПМНЕ беше оштетен истата вечер кога СДСМ отвараше канцеларии во истата област. На ова одговор треба да даде полициската истрага, изјави тогашниот портпарол на ДПМНЕ од Кавадарци.

ДПМНЕ се обиде вината да ја пренасочи кон своите политички ривали иако за настанот немаше ниту доказ ниту пак министерството за внатрешни работи ги најде виновниците. Доколку ги имало.

Не се исклучува можноста и партиски активисти од ДПМНЕ самите да си ги демолираат штабовите и потоа да манипулираат со јавноста како нивниот политички противник настапувал нефер за време на кампањата. Крајниот збор го имаат надлежните органи.

Од фотографијата се гледа дека внатре има иверици, кутии и разноразен отпад од тврд материјал кој истиот може да биде причина за кршење на стаклото.

ВМРО-ДПМНЕ е една од партиите кои го потпишааа кодексот за фер и демократски избори и обврзани се да го почитуваат до крај, обврзани се како и останатите партии да не смеат да демолираат штабови, ниту сопствените.