Самарџијски се здоби со повреда на вчерашниот натпревар против Хрватска
па нашиот стартен центар би требало да се рехабилитира навреме за да настапи на Евробаскет 2013 во Словенија. „Црвено-жолтите“ вечерва стигнаа до првата победа во овој подготвителен период, но триумфот остана во сенка на повредата на Самарџиски, кој во раната фаза од мечот се пожали на болки во ногата, по што веќе не се врати на теренот.
Веднаш се појавија стравувања дека станува збор за нешто посериозно, што на неполн месец до стартот на ЕП би можело да значи и отсуство за одличниот центар, но првите информации што стигнуваат од Хрватска се позитивни за македонската јавност. Имено, првичние проценки говорат дека сепак не станува збор за ништо посериозно и дека Самарџиски не би требало премногу долго да отсуствува од терените. Иако треба да се почекаат и резултатите од деталните прегледи, се чини дека присуството на Самарџиски во националниот тим на Евробаскет 2013 во Словенија не би требало да биде доведено во прашање, што е одлична вест не само за стручниот штаб, туку и за целокупната македонска спортска јавнос.