САД со загуба од 24 милијарди долари

Американската економија и довербата на потрошувачите претрпеле озбилна штета поради двонеделната блокада на владата, а се очекуваат и нови удари врз веќе успорениот економски раст на земјата.

Иако пазарите на акции во текот на вчерашниот ден деловно се опоравиле, аналитичарите укажале дека постојат јасни докази за штетата и предупредиле дека продолжувањето на политичките кавги во јануари може да предизвика нови бојкоти. Делимичното стопирање на работата на американската влада, кое започнало на 1-ви Октомври, би можело да го намали годишниот раст за 0,5-0,6% во четвртиот квартал, процениле кредитните агенции Mudis и Standard i Purs.

Со вчерапниот договор на демократите и републиканците во Конгрест се заврши застојот во работата на федералната влада, договорено е нејзино финансирање до 15 Јануари, и се подигна границата на задолжување до 7 февруари. Нивниот договор предизвикал голем раст на акциите на Волстрит, со пораст на вредноста од скоро 1,4%.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.