САД ќе му ги испорачаат на Египет воените авиони Ф-16

Решението за испракање на воените авиони доаѓа по одлуката на САД да не го толкува соборувањето од власт на досегашниот претседател,исламистот Мохамед Морси како воен удар.
Сменетиот претседател,пред да биде тргнат од функцијата ја предупредуваше војската да не се меша во политиката затоа што ризикува да ја загуби американаката воена помош.
Муслиманското братство од каде потекнува Морси тврди дека во Египет е извршен „класичен воен удар“ но опозицијта,либералните организциии и противниците на исламизацијата тврдат дека немало воен удар,туку дека само е продолќена револуцијата што го предизвика уривањњто на режимот на Хосни Мубарак.

Leave a Reply

Your email address will not be published.