Чех: Сакам Руни да биде дел од Челзи

Англискиот напаѓач во редовите на Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната искажа желба да го напушти Јунајтед, а од тој момент за него се заинтересирани Челзи, Арсенал и ПСЖ.
– “Руни е одличен фудбалер и секој би го посакал да биде дел од неговиот тим. Имаше феноменални игри во дресот на Манчестер Јунајтед, но секогаш на секој играч му е потребна промена на средината и нови предизвици“- изјави Чех за англиските медиуми.
Нападот на сините најверојатно ќе биде предводен и од уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани, но сеуште нема официјални информации од центарот за односи со јавноста на сините.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.