Руни повикан на разговор со Мојс

За напаѓачот на Манчестер Јунајтед сеуште стои отворена понудата од страна на Челзи и Арсенал, за да премине во нивните редови. Вејн Руни како што пренесуваат англиските медиуми, е повеќе од вознемире поради изјавата на Мојс дека, Вејн Руни го гледа во иднина како замена на Ван Перси.
Руни во моментот е на рехабилитација, а ги пропушти натпреварите на Манчестер Јунајтед во Азија и Австралија. И додека Мојс инсистира дека 27 годишниот напаѓач не е на продажба ни под кои и да било услови, можеби е дојдено времето навистина Вејн Руни да го напушти Манчестер.
Манчестер Јунајтед веќе следната недела ја започнува сезоната против Виган.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.