Ротари клубот од Кавадарци со донација за Народната техника

Заврши реконструкцијата на просториите на Народната техника. Седумстотини илјади денари се потрошија за целосна замена на старите прозорци со нови ПВЦ, реконструкција на подот во сите кабинети, набавка на нови бироа и опрема за радио клубот, пренесува КТВ. Парите се донација од ротари клуб Кавадарци. Сите членови беа активно вклучени во изминатиот период во проектот за реконструкција на објектот од каде во изминатиот период се профилираа многу професионалци во техничката култура.

Задоволство ми е што конечно можам да кажам дека го направивме тоа што е планирано. Ќе биде од корист за сите на нас, на младите од Кавадарци за да можат паметно и корисно да го трошат своето слободно време, за развојот на техничката култура и општо за развој на културата, односите помеѓу себе и едноставно да си најдат место во општеството. Се надевам дека ова нема да застане тука. Народната техника мора да има приодонес во развојот на младите. Имаме контакти со локалната самоуправа, имаме разбирање се надеваме дека понатаму ќе продолжат и тие со одредени активности и со помош на наставничките колегиуми и наставниците кои се бават со технички науки. Со еден заеднички ангажман да се даде прилог во зголемувањето на активностите на младите и нивното присуство тука“ рече д-р Драги Јованов, претседател на ротари клуб за ротаријанската 2014/2015 година.

Извор КТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.