Ros Streetball турнир викендов во Росоман

Сите љубители на кошарката претстојниот викенд ќе имаат можност да присуствуваат на 8-миот по ред стритбол турнир во Росоман.

Збиднувањето ќе трае три дена 16, 17 и 18-ти (петок сабота и недела) со тоа што поголемиот дел од натпреварите во групи ќе се одвиваат во петок додека остатокот во сабота кога и учество ќе земат и најмалите кошаркарски надежи кои ќе одиграат ревијални натпревари и со самото учество да застанат “рамо до рамо” со своите повозрасни идоли.

Исто така традициоионално организаторите најавуваат и шутирање за три поени од страна на публиката во саботната шоу вечер. Во недела пак ни престојат вистинските баскет “борби” каде по пат на елиминација некои екипи ќе го завршат натпреварувањето а некои ќе продолжат понатаму… се до големото финале. После сите случувања на крај следуваат доделувањето на соодветните парични награди на трите првопласирани екипи како и индивидуалните признаниа во повеќе категории.

Низ целиот настан ќе трае наградна игра за публиката која благодарение на спонзорите ќе добива подароци. Звучните бранови секако дека ќе се во ритамот на HIP HOP музиката а за финалната вечер позади големите грамофонски плочи ќе застане еден од најреномираните Hip Hop диџеи, DJ CHVARE.

Судејќи по претходните изданиа, позитивните критики и ветувањата на организаторскиот тим на ROS247 викендов е добра причина да сте во Росоман кој живее за овој настан.

Целиот настан ќе се оддржи на повеќенаменското игралиште кое се наоѓа кај старото училиште во Росоман.