Ромите главен адут на Минов и Пемова, истите кои ДПМНЕ “циган по циган за уши” на гласање ги води!

Пемова и Минов им се обратија на сопартијците од градскиот плоштад “Маршал Тито” во Кавадарци

На митингот во Кавадарци кој го организираше партијата ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери, ромите и ромската заедница беа изтурени во преден план. Буквално. Пристигнаа развиорени знамиња од селото Марена, селото Сопот, Неготино и Кавадарци.

Администрацијата тотално го бојкотираше митингот. Скоро никој и да не излезе да му ракоплеска на претседателот Груевски, и кандидатите за пратеници Пемова и Минов. Присуството на неколкумина вработени во здравствениот сектор и во општинската администрација беа доволен показател за катастрофално одржаниот митинг на оваа партија.

Скандирања од насобраните граѓани посебно кога Панчо Минов ја окупира партиската говорница од која на малку присутните им се обрати на неколку странски јазици. Многумина од присутните кои беа донесени со комбиња и автобуси од Прилеп и Велес буквално ништо не разбраа што сакаше да каже. Пемова не кажа скоро ништо.

Во Кавадарци, ДПМНЕ преку Минов се обидува што помасовно да допре до ромската заедница. Кога веќе масовно им откажува послушност партиска администрација, лозарите и работичката класа, тежиштето го префрлаат на ромската заедница од Кавадарци. Како и во минатото, и на овие избори се надеваат дека со вреќа брашно и пакет зејтин ќе се заврши работата и ќе се освојат гласовите на ромите во Кавадарци. Не треба да се дозволи Минов и ДПМНЕ да ја злоупотребат оваа социјална категорија на граѓани. Треба навремено да се реагира.

Во контекст на злоупотреба на ромите како маргина во кавадаречкото општество, да потсетиме што токму ДПМНЕ преку својот поранешен министер на МВР имаат кажано за ромите, што мислат за нив и каков е ставот на ДПМНЕ за ромската заедница во Кавадарци и во Македонија.

Во аудио-снимката подолу поранешната министерка за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, во телефонски разговор со поранешниот кандидат за градоначалник на Струмица, Васил Пишев исто така од ДПМНЕ му наложува дека ако треба, циганите ќе ги вадат за уши еден по еден и ќе ги тераат на гласање, само за да добијат на изборите. Дали ромите ќе го заборават ова и својот глас ќе го дадат за ДПМНЕ?

Leave a Reply

Your email address will not be published.