“Рок” и “Поп” онлајн натпревар за млади бендови и соло изведувачи

На 12 мај 2014 година точно на полноќ започнува онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра композиција. Натпреварот се организира во рамки на проектот Rock’n Pop the Borders. Право на учество имаат сите млади бендови и соло изведувачи од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години со регистрирање на www.rocknpoptheborders.com најдоцна до полноќ на 12 јуни 2014 година.

Периодот на гласање за пријавените нумери ќе трае од 16 јуни до 16 јули 2014 година. Најдобрите 10 песни, кои според публиката ќе влезат во потесен круг, ќе бидат изведени во живо на концерт во Дупница, Р.Бугарија на 9 август 2014 г., каде што пак четири члена жири комисија од Македонија и Бугарија ќе ги избере најдобрите три песни кои ќе бидат наградени. По концертот во Дупница, Р.Бугарија, најдобрите 10 песни ќе бидат изведени во живо и на Rock’n Pop Awareness концерт во Куманово на почетокот на септември 2014.

Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија. Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија. Периодот на спроведување на проектот е од 19 декември 2013 до 18 декември 2014. Вкупниот буџет на проектот изнесува 82 119.49€.

Главна проектна цел на прокетот е да се искористат досега неискористените културни ресурси од прекуграничниот регион преку заеднички развој и управување на одржлив формат за креативен прв настап, размена на идеи и натпревар помеѓу младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.

Специфични проектни цели се:

  • 1. Создавање соодветна „сцена за настап“ на младите автори на рок и поп музика од прекуграничниот регион и програмските земји.
  • 2. Привлекување нови слушателски публики, професионалци, фестивалските селектори, заинтересиран бизнис сектор и локални заедници, нивната поддршка и интерес во насока на создавање и одржување на нови културни настани, производи и форми со фокус на креативниот потенцијал на младите луѓе.
  • 3. Активно вклучување на публиката и засегнатите страни во поддршката и одржувањето на создадениот пристап и формат.

Очекувани резултати од проектот се:

  • Формирана сцена за докажување на младите автори на рок и поп музика.
  • Стекната поддршка од нови публики, професионалци, фестивалските селектори, заинтересиран бизнис и локалните заедница за создавање и зачувување на нови културни настани, производи и формати.
  • Создадена рамка за заедничко управување и заштита на формата преку инволвираните невладини организации, вклучени млади автори, професионалци, продуценти, фестивалските селектори, заинтересиран бизнис сектор и локалните заедници.
  • Развиен нов заеднички културен производ на современата, нетрадиционална култура во прекуграничниот регион.
  • Откриени и поддржани нови таленти во сверата на рок и поп музиката – прва манифестација со свои авторски песни на млади музичари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.