Резултати од истрагата за сообраќајката на Никола Младенов

Последната информација од обвинителството за овој случај беше дадена пред две недели, по посетата на Македонија на специјалниот известувач на ОН за медиуми Франк Ла Ру, кој пренесе дека не бил задоволен од одговорот на надлежните институции зошто нема истрага за смртта на Никола Младенов и дека според него не може овој случај да се третира како вообичаена сообраќајна несреќа. Тој ги повика надлежните македонски органи да започнат темелна истрага за овој ноторен случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на Младенов.

– Ви­со­ки­от прет­став­ник на ОН, Франк Ла Ру, се ин­те­ре­си­ра­ше за ис­тра­га­та за со­об­ра­ќај­на­та нес­ре­ќа во ко­ја за­ги­на уред­ни­кот на ‘Фо­кус’, Ни­ко­ла Мла­де­нов. Му об­јас­нив де­ка ис­тра­га­та се во­ди по ис­ти­те за­ко­ни ка­ко и за ос­та­на­ти­те гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја, но де­ка по­ра­ди зго­ле­ме­на­та за­ин­те­ре­си­ра­ност во јав­нос­та, до­пол­ни­тел­но ќе обр­не­ме вни­ма­ние на овој слу­чај”, из­ја­ви за “Вест” јав­ни­от об­ви­ни­тел на Ма­ке­до­ни­ја, Мар­ко Звр­лев­ски.

Инаку, Младенов беше роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник „Фокус“. Брендот на „Фокус“, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.