Режимот удри и’ во Кавадарци – 5 000 евра казна за веб порталот Мојот Град
Општина Кавадарци како тужител од една страна, и здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ како тужен, од друга страна, е последната од низата хајки која ги спроведува оваа недемократска, тоталитарна, фашистичка и крајно националистичка гарнитура на власт. Целта им е да воведат Апсолутен и Доминантен мрак на територијата на Општина Кавадарци кога е во прашање слободата на изразување, како една од основите во демократски општества.
Тужителот (општина Кавадарци) бара паричен надоместок на име нематеријална штета, за повреда на честа и угледот, во висина од 300.000 денари (или 5.000 евра). Тужбата е покрената врз основ на „четири спорни текста“ кои беа објавени на Веб-порталот Мојотград, за кои, властите и само властите пронајдоа некаква си невистина во текстовите.
Наместо Општина Кавадарци да излезе со демант или соопштение во кое ќе ги демантира објавените вести од страна на порталот Мојотград, Општина Кавадарци влегува во еден вид на политичка пресметка со нејзините неистомисленици, во овој случај Невладината организација ПРОЕКТ-ЕУ и Веб порталот Мојотград.
Здружението на Граѓани ПРОЕКТ-ЕУ се оградува од сите овие закани и тужби кои имаат цел да го замолчат неговото дејствување, посебно на територијата на Општина Кавадарци. Напротив, тие можат да тужат колку што сакаат, а здружението ПРОЕКТ-ЕУ ќе ги користи сите правни механизми за да се спротивстави на оваа безумност и деструкција на Режимот кој во овој случај удира на Здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ од Кавадарци.
Според Општина Кавадарци ова се четирите “спорни” вести објавени на Мојот Град:
Закана или апел од општина Кавадарци до граѓаните да го платат данокот на имот, оти во спротивно…
Несовесното трошење доведе до втор ребаланс на буџетот на општина Кавадарци
4 000 000 денари им должи општина Кавадарци на граѓаните кои ги спроведуваа локалните избори во март
Општина Кавадарци до гуша задолжена кон бизнис секторот