ВИДЕО: Режимот повторно удри по народот, приведена стечајката Лилјана Георгиевска

При обид да ја урнат заштитната ограда пред Владата, дојде до судир помеѓу полицијата и стечејците. До физички контакт дојде и помеѓу претедателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска и неколку припадници на полицијата, по што таа беше приведена. Додека ја приведуваа, еден од полицајците ја мава со нога зад коленото.

Во меѓувреме физичка сила беше демонстрирана и врз друг стечаец на кого се нафрлија неколку полицајци, го легнаа на земја и му ставија лисици. И двајцата беа сместени во полициска марица која не можеше да излезе откако стечајците ја блокираа.

Протестот го набљудуваше Хелсиншкиот комитет по чија интервенција и двајцата стелајци беа ослободени. Хелсиншкиот комитет најави дека ќе го докуменетира целиот случај во кој најмалку се повредени петмина стечајци.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.