Ретроспектива

Се сеќавате на оние личности од вашето детство, кои кои живееја во темно бела, нерамна, испукана детска соба, но во неа имаа само кревет и една полица за украси кои, нивните мајки, сестри или браќа ги поставуваа таму? Тие ликови имаа и регали за алишта, но секојдневно беа гневни зошто, немаа ништо повеќе од тоа и беа несреќни зошто тоа е нивната соба, а не некоја друга, мечтаејќи по уште некој предмет за надополнување на нивниот празен простор.

Се сеќавате ли на сите оние колекционери на аудио касети и цд-а кои имаа „страшно добро стерео озвучување“, а овие другиве, кои немаа ништо во своите соби беа експлицитно љубоморни и разочарано си ги трескаа главите од ѕид, зошто и тие не можат да слушаат музика на квалитетен стерео систем ( а дома имаа мали, н неквалитетни радија и системчиња на кои не можеше да се чуе ништо), доведувајќи се себе си во ситуација на класичен очај, зошто не можат да си го овозможат сето она што го имаат и другите?!

Се сеќавате ли на ликовите кои, застануваа покрај вас во кафиќ, бар, дискотека и ви отвараа теми, кои за вас беа излишни, глупави, безлични а моравте да ги ислушате од куриозитет за да не ги навредите.

Се сеќавате ли на сите оние ликови (ваши пријатели, познаници, другари, другарки), кога ви приоѓаа и ве замолуваа да ги частите пијачка, ликови кои сакаа да бидат покрај вас, во добро друштво, во добро опкружување, а не знаеја како да го остварат првиот контакт или контактот во нормални услови воопшто?

Се сеќавате ли, на рамнодушноста која ја имавте кон одредени личности, за кои мислевте дека (едноставно не се по ваш шљив или њух) а понекогаш сте биле принудени да ги испочитувате, чисто од етички аспект, за да не се чувствуваат тие (отфрлени, одделени, отсечени) од нормалниот свет.

Се сеќавате ли на оние личности кои, „плачеа“ за да им се јавите и да излезете заедно барем на една пијачка, само за да бидат уредно забележани дека се во ваше друштво, за да авторитетот им се покачи за скала повеќе и да почнат да ги уживаат благодетите на посакуваноста.

Сте се присетиле ли на моментите од вашата адолесценција кога „не сте ебеле жива сила“ и сте биле свој/а, а останатите на тоа гледале со почит , но пак со голема доза на инертност и љубомора, зошто тие не се како вас?!

Се сеќавате ли на сите оние празни ветувања кои сте ги доживеале од личностите кои, до вас биле само од користољубивост, а вие сте мислеле дека тоа ви се баш, „прави, цврсти, пријатели“, а всушност ви биле најцрните, најогорчените, зли личности кои, на вас гледале само како премин кон, возвишеното, естетичното и етичното, злоупотребувајќи ве комплетно.

Се сеќавате ли на оние личности кои,  кога ќе станат да одговараат во училишната клупа не знаеја од каде да почнат и како да завршат, а исказот им беше потполна, правописна, граматичка катастрофа?

Се сеќавате ли на моментите кога, вашите родители ви купуваа патики: адидас, рибок, најк, диадора, фармерки: левис 501, 503, 505, 525, џемпер шетланд, чизми или чевли  Мартинс…а другите ви беа љубоморни и ја градеа својата завист, затоа што тие не можеа да го добијат сето тоа што го имавте вие.

Се сеќавате ли, колку пати сте се враќале дома со остатокот од парите со кои сте излегле вечертта за викенд, а некој немал ни 100 денари за да излезе истата вечер, а потем сте чуле „озборувачки муабет“ како тоа вие сте имале, а тие не?! И всушност главната тема околу парите не беше ни толку битна (голем дел од населението ги имаше, средната класа беше жива), туку зависта која некои одредени ликови ја градеа кон вас

Се присетувате ли на тоа како вие сте биле ценети, сакани, посакувани, а одредени личности немале никаков авторитет и не биле во центар на внимание, само затоа што тие, не биле како вас туку, а во истовреме се чувствувале отфрлени од социјалните аспекти на животот.

Ви исчезна ли чувството, за да се сетите на моментот кога сте биле комплетно опуштени, среќни, задоволни, искрени, а некој друг од страна ви ги кроел и посакувал најстрашните нешта кои, човек може да им ги посака на човек.

Се сеќавате ли на сите оние „фрикови“ кои, остро ве гледале од другата страна на шанк или маса, само за да предизвикаат момент, со кој сакаат да ви посочат дека: „те гледам кучко или кучкин сине“.. (многу подпросечно размислување).

Е, сега доаѓаме до концептуалниот дел на разрешување на таа енигма.

Истите тие личности кои, сте ги посматрале, набљудувале низ текот на вашиот развојво годините кои поминале, поголемиот дел од нив сега се на позиции: во влада, во парламент, во администрација, во судство, во полиција, во финансии, во литаратурни кругови, во музички кругови, во театарски кругови, во задруги, во здруженија….

Тие се тие што одлучуваат како, нашите животи треба да се одвиваат, кон што треба да се стремиме ние, тие ни го посочуваат моментот на тоа, што е убаво а што не,  тие одлучуваат за нашите животи, лечејќи си ги комплетно своите комплекси од детството и пренесувајќи ги во исто време на нас, на сите оние кои некогаш, а ѝ сега имаат сеуште фантастичен статус во социјалните кругови.

И сето тоа го создаваат по пат на манипулација, пропагирање, агитирање и матерјални добра (преку парите), затоа што немале и никогаш ќе немаат капацитет како тоа интелектуално да го осмислат, да го  креираат, да го создадат по пат на интуиција за да има вредност, а не невредност и регрес.

Тие истите личности, кои немаат никаков речник, дикција, исказ…на прашања одговараат со прашања, демонстрираат неукост, а ако мислат дека гардеробата што ја носат на себе може нешто интелектуално да промени ?!?! Се лажат. Визуелниот аспект не може во никој случај да го промени интелектуалното!  Како беше онаа нашата традиционална поговорка: „ Пара краси, пара гнаси“. Парите не можат да ти купат знаење (иако за голем дел од тие личности се докажа дека може). Па, нека ни е со среќа и благодет „животов“ кој што го „живееме“ и што дочекавме комплексот да има поголема вредност од се друго.

Тој пат не води никаде ! Тој пат е, едносмерна улица, на која не и се гледа крајот и тежнее кон раскол а не кон обединување.

И на крај, исказов ќе го завршам со една реченица од Сенека:

Имајте надеж дека, на крај правдата ќе победи. Но бидете и спремни на тоа дека, може да победи и најстрашната неправда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.