РЕМЕНСКИ: Македонија ја водат луѓе со сериозен ментален проблем, тие се закана за граѓаните!

Македонија ја водат луѓе кои имаат сериозен ментален проблем. И покрај тоа што си го препознаваат гласот, ја препознаваат автентичноста на разговорите, ги препознаваат разговорите за настани и лица кои ги воделе, ја знаат вистината дека не постојат странски служби, знаат дека манипулираат и креираат лажни вести и пропаганда …, тие продолжуваат да веруваат во спротивното.

Оваа ментална состојба во која се наоѓаат ги доведува во ситуација што почнаа да веруваат во лагите кои самите си ги измислија.

Ирационалното однесување на власта и одбивањето да се соочат со нивното лично „јас“, е сериозна закана за граѓаните и државата … Дотолку повеќе што и видовме и слушнавме како болната освета и поривот да се сотрат сите кои не се со нив, ги води во нивните постапки.

(Текстот е превземен од Фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.