(ВИДЕО) Реновирање на кошаркарските конструкции при спортскиот центар “Јасмин”
Три од кошаркарските конструкции се обновени како дел од проектот “Спортските терени се за спорт и рекреација на граѓаните а не за автомобилите”, проект кој го реализира здружението на граѓани “Проект-Еу” од Кавадаци.
Координаторот на овој проект, Ненад Јовановиќ, изјави дека оваа акција е од општо јавно добро за заедницата од која бенефит имаат сите граѓани од општина Кавадарци.
Јовановиќ го најави и наредниот настан во склоп на овој проект а тоа е еден мини кошаркарски турнир кој доколку дозволат временските услови ќе се оддржи на овие кошаркарски терени.
Оваа акција беше во соработка со спортската сала “Јасмин” и директорот Сашо Атанасов.
Видео КТВ телевизија