Река од граѓани синоќа на плоштадот “Пела”, Китев во првите редови со поддршка за Пендаровски

Илјадници граѓани се собраа синоќа на плоштадот „Пела“ во Скопје за да му дадат поддршка на СДСМ и на коалицијата, кои на големиот собир ги претставија кандидатите за пратеници и својот претседателски адут, Стево Пендаровски. На митингот свое присуство во првите редови имаше и идниот кавадаречки пратеник од редовите на СДСМ, Бетиане Китев.

Мотото под кое СДСМ тргна во кампањата за предремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април е „Промени за нов почеток“. На митингот беше промовирана и изборната химна на СДСМ.

На синоќешниот митинг на СДСМ, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаше краток говор со јасна порака и молба до граѓаните за масовна политичка мобилизација затоа што знаеме со кого си имаме работа.

– Нивниот крај се ближи, опозиционото расположение кај луѓето расте, во овој момент опозицијата води на сите анкети. Македонија е зрела за победа, немојте да дозволиме да ни избега двојната победа – им порача Пендаровски на присутните граѓани на митингот во центарот на Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.