Китев: “Речиси и да нема фирма, дуќан на ул.”Илинденска” кои не добиле казни по разни основи”

“Почитувани кавадарчани, Политиката на закани, уцени и казни е политика на актуелната влада цели 8 години.
На почетокот од нивниот мандат кога наследија полн буџет од последната влада на СДСМ казнената политика не беше приметлива.
Како одминуваа годините така власта недомаќински се расфрлаше со народни пари.
Како рапидно се празнеше буџетот така власта масовно ги зголеми казните.
Да бидам јасен кога говориме за казни мислиме на сите средни и мали фирми, претпријатија.
Казните на власта го уништија целиот еснаф.
Речиси и да нема фирма, дуќан на ул’Илинденска” кои не добиле казни по разни основи.
Маалските колонијални дуќани исто така се редовно на удар од власта.
Казнената политика на власта има за цел да го полни буџетот со пари на фирмите но и да внесе прекумерна доза на страв кај луѓето.
Тешко заработените пари на дуќанџиите, фирмите власта преку големи казни им ги одзема веднаш.
Да биде иронијата поголема- како власта помасовно го казнува народот така долгот на државата е се поголем а буџетската дупка поочигледна.

Драги и сакани кавадарчани,
Следната година Македонија треба да врати долг преку 600 милиони евра. Сите заедно на различни начини заради катастрофалната политика на актуелната власт ќе го враќаме долгот. Власта масовно не задолжува и казнува а народот ќе ја плаќа конечната фактура. Новата влада на СДСМ после 27 април радикално ќе ја промени оваа политика.
1.За секој сторен прекршок прво опомена и само доколку се повтори прекршокот казна.
2. Износот на казните/глоби ќе го намалиме за 50%. Во најголем број случаи тој ќе биде фиксно определен за да се елиминира можната корупција.
3.Принципот прво опомена ќе важи и за присилната наплата на долг.Со тоа ќе се зачува финансиската дисциплина , но ќе се избегне и блокирањето на сметките на даночните обврзници.

Почитувани,
До крајот на кампањата има уште време.
Очекувам од Вмро-Дпмне да прифатат ТВ дебата. На тие соочувања ќе имате шанса се што мислите да ни кажете во очи пред кавадаречката јавност. Немојте преку вашата трета постава да ни праќате пораки. ТВ дебати се демократско богатство за сите демократски земји. На 27 април да гласаме масовно. Реден број 1. Хари Локвенец.”

     (интегрален текст од прес конференцијата на кандидатот за пратеник Бетиане Китев)

Leave a Reply

Your email address will not be published.